КОН МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ДОАЃААТ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Попоски ги соопшти деталите
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2024
Во текот на денешното попладне, како и во текот на претстојната ноќ, територијата на Македонија ќе биде зафатена од нова многу голема влажна воздушна маса, која е во склоп со студената воздушна маса од север, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Во ваква ситуација, ќе има нови обилни врнежи, кои во западните, југозападните и во северозападните предели од државава ќе бидат од дожд и снег во пониските места, понекаде и влажен снег, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. На планините значително ќе се зголеми снежната покривка (се очекува нов снег од над 60/70 цм), додека на повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до 40 цм, додека снежна покривка во погоре споменатите предели ќе се формира и во повеќето градови, понекаде со висина од 10 до 20 цм, локално и повеќе.
Ќе дува ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси.
Што се однесува до Скопскиот регион, таму очекуваме врнежи од дожд, повремено од дожд и снег во делови од Скопската котлина, додека во повисоките предели од котлината, како и на околните планини ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 6 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 3 степени.
Апелираме, доколку патувате низ планинските превои, да бидете крајно внимателни со своите возила, поради очекуваните нови обилни врнежи од снег“, вели тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.