Апостолска: Не потрошивме денар на лопати и панделки, а 30 компании влегоа во нови инвестиции
Објавено во: Економија, Интервјуа 23 Јули, 2019
Ставила свој потпис со три странски инвеститори, а годинава очекува финализација на разговорите со уште најмалку толку странски компании. Зорица Апостолска, министерка без ресор задожена за привлекување странски инвестиции влезе во Владата на Зоран Заев уште на почетокот. Сега ја преживеа реконструкцијата и вели дека ќе остане фокусирана на промоција и спроведување на политиките поврзани со странските инвестиции.
Апостолска: Откако сум на оваа позиција, како министер во изминатиот период кокретно имам потпишано два договори и еден анкес на договор со странски компании. Овде ќе ја споменам германската компанија „ВИК“ во Прилеп, за производство на електрични апарати за употреаба во домаќинствата, чија инвестиција согласно проекциите треба да достигне вредност од околу 12 милиони евра и да отвори околу 1000 нови работни места, потоа компанијата „Теламон“ од САД лоцирана во Скопје, за производство на електрични кабли наменети за автомобилската индустрија, во чиј бизнис план се предидува инвестицијата да достигне 11 милиони евра и да се вработат најмлаку 830 лица. Тука е руската „Кранфилд“ во Пробиштип, со која потпишав Анек на Договорот за државна помош, со што првично планирната инвестиција од 15 милиони евра се зголеми на 20 милиони евра, со отворање на 280 работни места.
Кога се прават проценки за динамиката и успешноста во привлекувањето на странски инвестици, би сакала да појаснам дека тоа претставува еден долг и комплексен процес, така што од почетниот контакт со инвеститорот па се до донесувањето на конечната одлука за инвестирање, разговорите може да се водат и повеќе од една година
Апостолска вие станавте министер со изборот на Владата на Зоран Заев и сте на позицијата министер без ресор за привлекување странски инвестиции. Често, не само вие, се зборува за нивото на странски инвестиции. Каков е квалитетот на овие странски инвестиции и кој е нивниот импакт за македонската економија?
Апостолска: Ова е тема која е многу често во фокусот на јавноста и предмет на коментари од страна на опозицијата, што само по себе зборува за суштинското значење кое странските инвестиции го имаат за економијата. Затоа одговорот на ова прашање ќе го дадам со факти изразени преку бројки. Минатата година беше евидентирано рекордно ниво на странски директни инвестиции или 624 милиони евра што е за 2,6 пати повеќе од просекот од минатите осум години. Во овој контекст, како потврда на позитивниот тренд на раст дојде и од страна на Конференцијата на ОН за трговија и развој, во чиј Извештај за текот на директните странски ивнестиции во 2018 година се нотира дека со раст од 260 отсто Република Северна Македонија минатата година е регионален лидер во странските инвестиции.
Кога зборуваме за економски показатели, за бројките, секако дека инвестициите имаат силно влијание врз севкупните економски текови и големата слика на економијата. Минатата година индустриското производство забележа раст од 5,4 проценти, што е највисок во последните седум години. Потоа, постигнатиот резултат од 4,1 отсто раст на БДП годинава, кој е највисокиот квартален износ во последните две години, е уште една потврда за позитивните резултати што ги даваат владините политики за поддршка на бизнисот. Сите клучни гранки кои значително учествуваат во Бруто домашниот производ бележат раст и тоа градежништвото над 7 проценти, земјоделството над 13 проценти, преработувачката индустрија над 3,5 отсто, а бруто инвестициите во првиот квартал бележат раст од 9,9 отсто.
Исто така, голем бенефит со влезот на странските компании за македонската економија е внесување на модерни технологии на производство и стручни вештини, отварање на нови работни места и намалување на невработеноста. Сето ова е еден силен показател на исправните економски политики и програми кои се во насока на креирање на силна економија и кои што го одразуваат трендот на континуиран економски раст, што во крајна линија влијае на подобрување на квалитетот на животниот стандард на нашите граѓани.
Помина половина и од оваа година. Кои конкретни работи ги направивте, ако била добра 2018 година, што очекувате за 2019 во сума, во квалитет на тие странски инвестиции?
Апостолска: Секако очекувањата се да продолжи овој позитивен тренд на раст на економијата и прилив на нови странски инвестиции. На што се должи ова очекување? Фактот дека 2019 година е обележана со влезот во НАТО алијансата и отпочнување на преговори со Европската Унија, секако дава силен сигнал за раздвиженост и поголем интерес на инвеститорите. Доброто политичко опкружување и поволната економска клима ја прави нашата држава една од најповолните дестинации за инвестирање во Југоисточна Европа. На ова би го додала и неодамнешното рангирање од реномираната меѓународна кредитна агенција „Фич“, со кое за прв по 13 година Северна Македонија е рангирана со ББ плус. Како пример ќе ја земам Бугарија каде што со влезот во НАТО и ЕУ се триплицирани странските инвестиции, а во Албанија со влезот во НАТО тие го имаат двојно зголемено нивото на странски инвестиции. Слично беше и во Латвија, Чешка, Романија. Значи имаме комбинација од стабилна политичка траекторија и стимулативни владини економски политики, што ветува продолжување на позитивните трендови во сите сегменти на економијата, вклучително и во делот на странските инвестиции.
Споменавме дека жешка тема беа странските инвестиции. Со каква стратегија вие настапувате кога разговарате со странските, каков е настапот, колку е тешко да се донесе странски инвеститор?
Апостолска: Како што и претходно појаснив, ова е процес кој временски често многу знае да трае. Ефикасноста и ефективноста во работата на целокупната влада, вклучително и мојата, не се подредува на популистички, пропагандни цели и замисли, за создавање на слика дека нешто се работи, а резултати нема. Нашиот пристап во привлекување на странски инвестиции ги исклучува помпезностите со лопати и панделки, големи тимови на роуд шоуа, трошења на агресивни реклами и сл. Во изминативе две години, откако е формирана Владата, немаме потрошено ниту еден денар за таква промоција, а веќе триесетина странски компании имаат започнато нови инвестиции. Сакам да нагласам дека во целиот процес посебно се води внимание за транспарентноста. Со донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, транспарентноста на процесот се постави на цврсти правни основи, затоа што во тој закон јасно се наведени сите услови и критериуми. Законот обезбедува предвидливост за тоа што секој инвеститор може да очекува, и во таа функција имаме обезбедено и една софтверска алатка достапна за секоја заинтересирана компанија која може да си пресмета однапред каква финансиска поддршка може да очекува под одредени услови. Инаку, конкретно јас со мојот кабинет за привлекување на странски инвестиции практикуваме повеќе активности како што се истражувања по земји, по области, по индустриски гранки, таргетирање компании, посети на меѓународни саеми, реализираме средби со таргетирани компании, но и со компании кои изразиле интерес за посета на нашата земја и сакаат да се запознаат со деловниот амбиент и политиките за инвестирање. Во рамки на нашите проактивни активности за промовирање на можностите за инвестирање во Северна Македонија пред дел од бизнис заедниците во странство во втората половина од годинава планираме посета на Германија каде ќе имаме средба со претставници на германски компании. Исто така и Шведска е во агендатата за следниот период, за претставување на поволностите за инвестирање, каде ќе вклучиме и претставници од дијаспората со намера да, ги поттикнеме своите бизниси да ги пренесат во нивната матична земја.
Ги споменавте промоторите, го сменивте концептот?
Апостолска: За да ја подобриме ефикасноста и ефeктивноста во промовирањето на можностите за инвестирање се видоизмени концептот на економските промотори на кои им се случувало да делуваат индивидуално, неусогласено и неефикасно. Идејата е да се отворат три промотивни канцеларии во САД, Германија и Турција под надлежност на Дирекцијата за ТИРЗ, со што ќе се постигне повисок степен на координираност и фокусираност во промовирањето на Северна Македонија и привлекување на странски инвеститори. Ова се земји со кои имаме развиено сериозни економски и инвестициски релации, со високо ниво на доверба помеѓу бизнис заедниците и имаме цврста стартна позиција во привлекувањето на нови странски инвестиции.
Се разбира за вложувањето овде странските инвеститори добиваа и поволности и олеснувања, а слични бенефиции имаат и сега, предвидени во Планот за економски раст. Колку пари ја чинат оваа Влада овие ослободувања?
Апостолска: Владата на Република Северна Македонија работи посветено на унапредување на бизнис климата во земјата и поттикнување на економскиот раст и развој, преку реализација на низа комплементарни економски мерки кои се насочени кон стимулирање на нови инвестиции, на претприемништво, унапредување на технолошко-техничките процеси и воведување на иновации во производствениот процес на домашни и странски компании кои веќе работат во земјата, привлекување на нови реномирани странски инвестиции, со крајна цел отворање на нови подобро платени работи места и повисока конкурентност на компаниите на домашен и на меѓународните пазари. Во овој пристап на компаниите им се овозможува директна финансиска поддршка и различни олеснувања.
Сумаризирано од целокупната оваа композиција од мерки кои се насочени на директна поддршка на стопанството, во 2018 година се исплатени на 40 милиони евра кон компаниите, независно дали се странски или домашни.
Еден дел се исплати кои се извршени од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата за ТИРЗ согласно договорите кои ги имаат потпишано, како и исплати поврзани со склучените договори за исплата на државна помош, кои ги потпишале сегашни и министри од поранешната Влада. Потоа има исплати поврзани со оперативниот план на активните мерки за услуги на пазарот на трудот кои се реализирани преку Агенцијата за вработување. Понатаму, овде се вклучени и финансиски средства кои се исплатени од страна на Фондот за иновации и технолошки развој на компании кои ги искористеле мерките од третиот столб на Планот за економски раст.
Но за странските колку се исплатени, тие имаат и некои ослободувања?
Апостолска: Правната рамка не прави разлика помеѓу домашни и странски инвеститори, сите комапнии се регистрирани во земјава и како субејкти подлежат на исти законски обврски и поволности. Меѓутоа некоја генерална слика, проекција за состојбите може да се добие по основ на исплатите кои се реализирани од страна надлежните институции, во чиј делокруг воглавно се наоѓаат странски компании. Во оваа смила, преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дирекцијата за ТИРЗ и Генералниот секретаријат на Владата се исплатени над 20 милиони евра.
Има измени на закон за финансиска поддршка на инвестициите, што е нивната суштина?
Апостолска: Со измените се унапредува владиниот систем на поддршка на инвестициите, се зголемува опфатот на компании кои може да аплицираат за финансиска поддршка и се поедноставуваат административните процедури за апликација. Пред се, измените се насоечни кон зголемување на опфатот на компаниите кои може да се квалификуваат за финансиска поддршка, односно освен производните компании се опфаќаат и услужните компаниите од ИТ секторот кои претходно не беа вклучени, потоа се дава можност и за компании кои се занимаваат со трговија, а имаат отпочнато продуктивна инвестиција (произвдоство). Новина е и проширување на опфатот за компаниите од секундарното земјоделско производство, односно кои се занимаваат со преработка на земјоделски производи, освен тие кои користат средства од ИПАРД програмите бидејќи не може да има дупла финансиска поддршка. Во проширувањето се предвидени и градежни компании, но не за градба на станови и деловни објекти, туку субвенционирањето се однесува ако имаат производна компонента во своето работење. Во делот на условите со измените наместо приходите од дејноста, во предвид се земаат приходите од работењето на компанииите. Во однос на критериумот за бројот на вработени, имаме олабавување во смисла дека е дозволено минимално флуктуирање. Кај ново формираните компании нема да се применуваат условите за пораст на приходи од работење и број на вработувањето. Направени се измени и во самите мерки, односно во делот на инвестиции од значаен економски интерес, наместо критериумот за инвестиција од најмалку 20 милиони евра, компаниите ќе се квалификуваат со инвестиција од најмалку 15 милиони евра.
Имаме поместувања и во роковите за компаниите кои веќе имаат реализирано инвестиции во 2018 година и сакаат да склучат договор за финансиска помош, препорачливо е да поднесат барање до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот или до Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони до 1 август, за да осигураат дека државната поддршка ќе им биде исплатена до крајот на 2019 година.Исто така, компаниите кои имаат веќе склучено договори за поддршка со Владата, имаат можност до 1 август 2019 година, да аплицираат за усогласување на договорите со новите измени и дополнувања на Законот преку анексирање на веќе склучените договори. Најдоцна до 15 октомври ќе следи склучувањето на договорите/анексите, а 15 ноември е рокот за поднесување на барањето за исплата, која ќе биде реализирана најдоцна до 25 декември.
Целта на сите овие измени е да се излезе во пресрет на барањата на бизнис заедницата и да се создаваат услови за зголемување на конкурентноста и продуктивноста, како и да се помогне во достигнување на стандардите и нормите потребни за светските пазари.
А од друга страна, кој според вас е главен предизвик на домашното стопанство?
Апостолска: Проблемот со работната сила и соодветниот стручен кадар е главниот предизвик со кој се соочуваа бизнис секторот во земјава, и тоа во услови кога имаме рекордно ниска стапка на неваработеност од 19,4%. Овој предизвик има два апсекти, од една страна во самата структура на невработените, каде имаме повозрасни лица со над 52 години старост, дел немаат соодветно образование кое одговора на потребите на динамиката на стопанството, додека пак останатиот дел се лица со основно образование. Од друга страна, проблемот произлегува од демографските трендови и миграциската појава и на иселување на младите, пред се оние кои се висококвафикувани, односно имаат завршено високо образование. Се наоѓаме во точка на расчекор помеѓу потребите на стопанството и понудата на пазарот на работната сила. Владата ја детектира оваа ситуација и вложува сериозни напори за нејзино надминување.
Паралелно со поттикнувањето на инвеститорите да отвораат нови и добро платени работни места, кои ќе бидат атрактивни за младите луѓе, работиме и на развивање и имплементирање на мерки за преквалификација и доквалификација на невработените. Пркеку Оперативниот план за вработување за 2019 година, кој го реализира Агенцијата за вработување, обезбедени се 1,1 милијарда денари за поттикнување на самовработувањето, преквалификации, доквалификации и практични обуки кај работодавачите. Се рализираат проекти и во форма на дуално образовани и подигање на нивото на пракса во програмите за средно стручно образование, односно на учење преку изведување на практична работа во компаниите. Гледано на долг рок, во севкупниот образовен и едукативен процес континуирано се усогласуваат Програмите за образование, за доквалификација и преквалификација, следејќи го бизнис секторот како одговор на нивнивните потреби ги зајакнуваме и капацитетите на средните стручни училишта за имплементација на дуалното образование.
Колку странски фирми користат владини субвенции за соработка со домашни компании и каков ефект има таа соработка?
Апостолска: Кога се носеше Законот за финансиска поддршка на инвестициите сметавме дека е важно да се воведе ваква стимулација. Она што сакавме да постигнеме е сите странски компании, односно компании со странски основачи, да ги мотивираме, да се насочат повеќе кон набавка на своите суровини од домашните компании, односно истите ди ги вклучат во нивните ланци на добавувачи. Затоа предвидуваме мерка со која доколку остварат 15 % од своите набавки од домашните компании во тој случај ќе ги поддржиме финансиски од 1% од нивните вкупни набавки. Имајќи во предвид дека мерка почна да се имплементира од минатата година за да се согледаат реалните ефекти од истата потребно е време. Сепак сметам дека странските комапнии имаат доволно причини и мотиви да препознаат квалитет и во нашиот приватен сектор, во најмала рака развивањето на овие деловни релации може да даде значаен придонес и во намалувањето на транспортните трошоци кои ги имаат во набавките на репроматеријалите за процесот на производството.
Се случија промени, вие останавте во составот. Како гледате на реконструкцијата и на што ќе се фокусирате во иднина
Апостолска: Да, останав и моите обврски продолжуваат како и до сега поврзани со спроведување на политиките за инвестирање и Планот за економски раст. Следните месеци ќе продолжиме со разговарите со неколкуте странски компании со кои имаме сериозни разговори за инвестирање во Северна Македонија. Иако во праксата се покажало дека во најголем дел тоа е неизвесен процес се до конечната одлука на инвеститорот, се надевам дека со некоја од овие компании ќе резултира во нова директна странска инвестиција.
Водиме сериозни разговори со компанија од Грција за производство на вештачко ѓубриво, и одлуката дали нашата земја ќе биде место за проширување на нивните производствени капацитети според инвеститорот очекуваме да ја дознаеме наскоро. Исто така, подолго време се водат разговори со компанија од САД за производство на хемиски прашоци и премази. Компанија за производство на кабли за автомобилска индустрија од Тунис, реномиран добавувач на светски познати автомобилски брендови, има интерес за инвестиција во Северна Македонија, а донесувањето на одлуката на е во очекување. Кон крајот на минатата година започнавме разговори со компанија од Словенија за фотоволтаични панели и истите се уште се во тек. Разговорите со овие компании ја отсликуваат, но не ги исцрпуваат, моите работни активности за привлекување на странски инвестиции во наредните неколку месеци.
Наметнавте слика за вас дека не сте класична министерка па на работа одите со велосипед. Како на тоа гледа јавноста, вие како се доживувате?
Апостолска: Во поново време тоа станува почеста практика и кај нас и во повеќето земји, без оглед дали станува збор за министри или за други работи позиции. Одењето на работа со велосипед за мене одамна не е невообичаено, така одев на работа и на моето претходно работно место. Инаку, мојата перцепција е дека од околината е добро прифатено и ги подржувам и силно ги препорачувам сите форми на превоз кои ќе го намалат загадувањето на околината во која живееме.
A.T.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.