Добивај вести на Viber
Американската технолошка компанија Apple има скриен адут за Кина. Неодамна склучената соработка со China Mobile е многу повеќе од само дистрибуција на висококвалитетниот iPhone. Двете компании, исто така, се согласија за далекусежна соработка, изјави претседателот на одборот на директори на најголемиот по број на клиенти мобилен оператор во светот, Си Гуохуа. Apple веќе може да се соочи многу храбро против евтината конкуренција од Кина.
Но дури и започнатата во петокот продажба на iPhone е ветувачка. Клиентите веќе порачале неколку милиони парчиња од овој уред, соопшти претседателот на China Mobile. Од крајот на оваа недела Smartphones на Apple ќе се појават на полиците на China Mobile.
Главниот извршен директор на Apple, Тим Кук покажа задоволство. Тој е "исклучително оптимистичен", што се однесува до резултатите од соработката со кинезите. "Ние во меѓувреме веќе се истражуваме добро. Денес е нов почеток за нас и мислам дека во иднина ќе се случат многу повеќе работи кои нашите компаниите можат да ги превземат заедно ".
На берзата првите детални коментари за обезбедување на соработката меѓу двете компании обезбедија нов поттик на акциите на Apple. Откако уште во вторникот тие поскапеа на Nasdaq значително со 2 проценти до 546 долари, и во Франкфурт во среда исто така е забележано зголемување.
Новата соработка со China Mobile значи за Apple завршување на целиот мозаик во Кина. Сега сите три државни кинески телекомуникациски компании официјално продаваат iPhone. Сепак ниту Apple, ниту China Mobile ги откриваат деталите за соработката. Но за Apple соработката со China Mobile се очекува да даде голем поттик. А Кинезите изгледа ќе добијат доста пари за маркетингот на iPhone и поради акциите и обезбедување на клиентите.
Преку соработката Apple ги проширува своите дистрибутивни канали со доста сериозен обем. iPhone ќе биде достапен во илјадници продавници на China Mobile, кои се дистрибуирани насекаде во Поднебесната империја. Групата е претставена во најголемите градови, како и во малите села. "Од следниот викенд ние ќе ги дистрибуираме нашите телефони во над 3000 дополнителни продавници", вели Кук. "China Mobile достига до многу градови, до кои Apple не би имал пристап".
Колку успешна ќе е Apple во Кина, ќе покаже само времето. Многу корисници преферираат да се дограбат до далеку поевтините алтернативи од скапиот iPhone. Тие одбираат уреди кои работат на оперативниот систем на Google Android. И дури великодушните отстапки од страна на мобилните оператори за iPhone засега во голема мера се лажни. Без привилегиите iPhone 5S со своите 16 гигабајти чини 640 евра. За iPhone 5С со ист капацитет на меморија кинеските клиенти ќе треба да стават на маса 540 евра.
Со партнерството Apple сака да стигне до можно многу кинески корисници, објави Кук. Во Поднебесната империја повеќе од половина милион луѓе прават апликации за оперативниот систем IOS. "За Apple секогаш најважните работи се околу производството на најдобрите производи, а не на многу производи. Тоа е нашата водечка ѕвезда и никогаш нема да се промени ", рече Кук.
Тукушто потпишаниот договор не е лек за продажбата на Apple во Кина, сметаат пазарните аналитичари. Меѓутоа сепак соработката може да биде еден вид витаминозна инјекција. На крајот Apple ќе добие преку договорот пристап до повеќе од 700 милиони корисници на мобилни услуги. Тоа се неверојатните седум пати повеќе клиенти отколку што има најголемиот американски оператор Verizon Wireless. Како целина е веројатно во 2014 година благодарение на договорот Apple да продаде дополнително помеѓу 15 до 39 милиони апарати, пресметуваат аналитичарите.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: