18 Декември, 2025
0.0527

Апсурд: Вработеноста расте, а продуктивноста на трудот се намалува?!

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2013 08:23

Добивај вести на Viber

Народната банка во својот најнов квартален извештај регистрираше раст на трошоците на трудот, а пад на продуктивноста, што директно укажува на намалување на конкурентноста на домашните компании. Во услови на криза,  растат трошоците по единица труд, а паѓа продуктивноста на вработените. Ваквата погубна состојба, Народната банка ја регистрираше во Македонија уште минатата година, која без никакво подобрување се пресликува и годинава. „Продуктивноста на трудот и натаму се намалува на годишна основа, при што падот е посилен во однос на претходното тримесечје. Падот на продуктивноста од 2,6% е одраз на посилниот раст на вработеноста од растот на економската активност. По кварталниот раст во претходното тримесечје, продуктивноста се намалува и на квартална основа, при подинамичен раст на вработените од растот на производството“, се вели во извештајот на НБРМ. Во НБРМ констатираат дека падот на продуктивноста, придружен со зголемувањето на бруто-платите придонесол за значителен раст на трошоците за труд, што всушност значи дека трошоците на фирмите растат во услови кога ефективноста на сработеното од страна на вработените се намалува. Причините за ваквата состојба, според економистите, треба да се бара и кај работниците и кај реалниот сектор, особено затоа што македонските компании во најголем дел не се преструктуирани според условите на модерното време и технолошкиот развој. „Причината за најниската продуктивност на Македонија во регионот треба да се бара во деформираниот вредносен систем. Работниците не го вложуваат сиот потенцијал во производството, ако за тоа не бидат соодветно наградени. Значи, во сите работни средини треба да се воспостави врска меѓу продуктивноста  на трудот и платите на вработените. Продуктивноста не може да се зголемува со плати од кои тешко се преживува. Но, и тие не можат да се зголемуваат доколку сопствениците на капиталот се борат само да го одржуваат бизнисот, а не и да го развиваат. Затоа е неопходно да се забрзаат реформите со кои ќе се создадат услови во кои  само порастот на продуктивноста води кон пораст на стандардот на вработените и благосостојба во општеството“, вели универзитетскиот професор Крсте Шајноски. Во услови на ниска продуктивност растат и платите? Според податоците на Народната банка, ако во 2005 година реалниот пораст на платите изнесувал 2,2% продуктивноста на вработените се зголемила за само 0,2%. Во кризната 2009 година пак, платите пораснале за 10,3% додека кај продуктивноста на вработените се јавува негативна стапка на промена од 4,2%. Ова според економистите е контрадикторно на секоја економска логика, според која, во пазарна економија платите треба да растат сразмерно со продуктивноста на трудот. Ако пак поголема продуктивност значи поголемо количество на произведени производи, со помали трошоци за капитал, работна рака и материјал, тогаш излегува дека трудот на работниците во земјава е преценет. Економистите но и работодавците се согласуваат дека растот на платите всушност се должи на зголемувањата на платите на јавната администрација, кои се преценети во зависност од ефективноста на нивната работа. С.Н

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји