27 Ноември, 2024
0.0279

Грета Метка БарбоШкербинц, генерална директорка на Завод за вработување на Словенија

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Зошто Агенцијата за вработување на Република Словенија ги организира настаните со наслов „Живот и работа во Словенија“?

БарбоШкербинц: Како што е тоа случај во цела Европа и во светот, така и во Словенија, работните миграции се дел од секојдневјето и нивниот раст може да се очекуваи во иднина. Главната цел на овие настани е да се обезбедат точни и веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија за странските баратели на работа. На тој начин, преку релевантни информации, сакаме да понудиме правна заштита, бидејќи работниците мигранти може да бидат лишени од своите права, поради недоволна информираност. Настаните имаат за цел да ја зајакнат информираноста на работниците уште во нивните матични земји, овозможувајќи што подобар пристап до информации за права, за процедури за вработување, за законодавството итн., на начин што ќе биде разбирлив за работниците,со што се обезбедува и поголема правна сигурност. Токму затоа, Заводот за вработување на Република Словенија во последните две години организираше 17 вакви настани во земјите на поранешна Југославија.

Ова е трет пат да се организираат вакви настани во Северна Македонија?

БарбоШкербинц: Да, така е. Поради големиот интерес за учество и минатата и претходната година, првата недела од декември, веќе третпат се враќаме во Северна Македонија. Според бројот на издадени согласности за единствени дозволи за престој и работа во првите десет месеци од 2024 година, Северна Македонија е на второ место. Во вкупниот број на издадени дозволи за работа и согласности за единствени дозволи за престој и работа, таа е на четврто место. Очекуваме граѓаните на Северна Македонија да продолжат да се пријавуваат на нашиот пазар на труд, бидејќи се работи за нам блиска република, и работодавците ги ценат работниците од вашата земја.

Кои компании ќе учествуваат на настаните за вработување и што нудат?

БарбоШкербинц: На овогодинешните настани ќе учествуваат 22 реномирани словенечки компании од цела Словенија, кои вработуваат околу 18.000 работници. Повеќето се од здравството, транспортот, градежништвото и туризмот. На настаните во Скопје, Штип и Прилеп, учесниците ќе имаат можност да се поврзат со работодавачи од различни професионални полиња. Главно се бараат кандидати за работа во областа на здравството, за социјална грижа и заштита, кандидати за возачи на камиони и автобуси, магационери, готвачи, келнери, и други работници за угостителство и туризам, производствени работници, работници во машинската индустрија и металургијата, различни градежни професии, работници за електротехника и електроника, одржување итн.

Настанот е наменет за сите граѓани на Северна Македонија. Целта е да се понудат што покомплетни информации за животот и работата во Словенија, а не само за работата. Работодавците од Словенија ги информираме дека повеќе не е доволно да се понуди само пристојна плата; тие мора да им помогнат на работниците во сите фази на мобилноста, со цел успешно да се интегрираат во новата средина по пристигнувањето во Словенија. Значи, важна е и помошта при сместувањето, обединувањето на семејствата итн.

Дали е точно дека во Словенија најмногу се бараат лекари, инженери, градежници? Какви придобивки можат да очекуваат заинтересираните за работа и живот во Словенија?

БарбоШкербинц: Словенија им потреба практично од сите профили, и висококвалификувани и неквалификувани кадри, од различни сектори. Повеќе од половина од работодавците во Словенија се соочуваат со потешкотии при наоѓањето на кадри, а словенечките работодавци многу ги ценат работниците од земјите на поранешна Југославија. Затоа, на настанот ќе ги претставиме можностите за вработување од различни сектори и региони, сè што Словенија може да понуди во овој момент.

Сите треба да сфатиме дека работните миграции се реалност, и дека никој не може да ги спречи луѓето коишто од различни причини се одлучуваат да се преселат во друга земја. Затоа ние во Заводот за вработување сметаме дека нашата улога и мисија е да ги заштитиме овие работници што е можно повеќе, со точни информации, со цел да се избегнат злоупотребите.

Нашата цел е фер регрутација, работниците да бидат добро информирани и да видат дека вработувањето се одвива преку јавни служби, а не преку посредници. Целта ни е кандидатите да се вработат кај добри работодавци, и да се почитуваат законите за работни односи, бидејќи за жал забележуваме дека странците се ранлива група на пазарот на трудот. Сите треба да сме свесни дека станува збор за луѓе кои доаѓаат кај нас, а не машини за работа.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза