Арапите ја направија најголемата банка, цифрите вртоглави
Објавено во: Свет 03 Април, 2017
Првата банка на Персискиот залив и Националната банка на Абу Даби го завршија спојувањето, со што е создаден најголемиот кредитор во Обединетите Арпски Емирати.
Имотот се проценува на 180 милијарди долари, а ќе работи под име Првата банка на Абу Даби (First Abu Dhabi Bank).
Тргувањето со акциите на новиот кредитодавател почна во неделата на берзата во Абу Даби под ознака NBAD, при што до попладне неговите хартии пораснале за 1,5 посто на 10,40 дирхами (2,8 долари).
Според податоци на агенцијата Блумберг дотогаш речиси два милиони акции на оваа банка ги промениле сопствениците.
Абу Даби кој поседува околу шест одсто од светските резерви на нафта, ги спои двете најголеми домашни банки како би станал конкурентен кон ривалите и како би ги зајакнал своите можности на кредитирање и осигурал финансирање, бидејќи емиратот се бори со ниските цени на „црното злато“