17 Декември, 2025
0.0657

„Арбен Џафери“ ќе ја чека новата косовска влада

Објавено во: Балкан 10 Август, 2014 20:01

Добивај вести на Viber

Официјалниот старт на градежните работи беше означен уште на трети јули, но автопатот од Приштина до Блаце, односно до границата со Македонија, уште не се гради. Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе го чека формирањето на новата косовска влада, бидејќи стравува дали потпишаниот договор со Владата на Хашим Тачи, во заминување, е валиден или не. Одлуката да не се почнува со работите на изградбата на автопатот ја донесе раководството на конзорциумот, откако правниот тим го анализирал косовското законодавство и ги советувал да не почнуваат со градежните работи. Постизборната коалиција на Демократскиот сојуз на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, која смета дека има право да ја формира новата влада, веќе најави дека сите договори потпишани од владата во заминување ќе бидат разгледани и поништени. Според косовските медиуми, Владата на Тачи не соопштила детали од потпишувањето на договорот, поради што оправдано е сомневањето дека можни се големи проблеми со новата влада, доколку таа договорот го прогласи за невалиден. Важниот инфрастуктурен проект е вреден 820 милиони евра и го носи името на почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери. Автопатот требаше да биде готов до крајот на 2017 година. Почетокот на неговата изградба го поздравија и многу политичари од Македонија.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни