05 Декември, 2025
0.0748

Со жив штит архитектите ќе го бранат ГТЦ од барок

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2013 11:43

Добивај вести на Viber

„Го сакам ГТЦ“ е иницијативата со која Асоцијацијата на архитекти на Македонија организира  потпишување на петиција против менување на изгледот на Градскиот трговски центар на 14 јуни, а воедно и протестен собир истиот ден во 19 часот.  ААМ повикува стручната јавност и граѓаните со жив штит да застанат во одбрана на ГТЦ од обидот за негово обезличување. Од асоцијацијата  во наредниот период планираат  и научен симпозиум во врска со континуираното нарушување на препознатливиот изглед на центарот на Скопје, но и поради прекршувањето на загарантираните права на архитектите врз сопствените дела. Архитектонската фела се одлучи да поднесе барање до Комората на овластени архитекти и инженери на Р.М. за одземање на овластувањата за проектирање на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов чие идејно решение победи на распишаниот конкурс од страна на раководството на ГТЦ. Од ААМ упатуваат порака до сите граѓани и организации да се вклучат во протестниот собир со креативни и остварливи предлози. Според македонската законска регулатива, архитектите имаат морални права кои го штитат авторот и интегритетот на делото. Секој архитект има право да се спротивстави на менување, деформирање или сакатење на делото што може да наштети на неговата личност, чест и углед, како и на уништување на делото. Моралните права на авторите важат и по нивната смрт и истите се штитат од наследниците, соодветното здружение на автори или Македонската академија на науките и уметностите. Авторот на победничкото идејно решение за ГТЦ во своја одбрана, Жарко Чаушевски пред неколку дена обвини за дилетантизам и елементарно непознавање на струката од страна на претседателката на ААМ, притоа потенцирајќи дека не би можел да биде член на таква организација. Во идниот изглед на ГТЦ  е предвидена реализација на фасада во стилот на „Скопје 2014“, три куполи, десетици антички столбови и тераса со бројни скулптури на последниот кат од објектот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите