17 Јануари, 2025
0.0451

“Архитектоника“ се почесто се потпишува зад владините градежни проекти

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

По низата изработени идејни архитектонски решенија, фирмата за  производство, трговија, инженеринг и градежништво “Архитектоника ДООЕЛ“ од Скопје доби уште еден државен проект. Овој пат нарачател е општината Аеродром. Се работи за изработка на идејно решение за изградба на парк во општина Аеродром, поточно во населбата Ново Лисиче. Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки, “Архитектоника“ го добила тендерот во конкуренција на уште 2 други фирми. Вредноста на договорот за сега не е објавена на Електронскиот систем за јавни набавки. Последните јавно достапни информации покажаа и дека “Архитектоника“ доби зделка од 63,3 илјади евра за изградба на барокна административна зграда. Изработката на Идеен и ревидиран Основен проект, проект за илуминација и проект за усогласеност - менаџер план за изградба на административен објект во кој треба да се сместат Државниот завод за ревизија, Геолошкиот завод на Република Македонија и на АД за стопанисување со станбен и деловен простор чини 63.317 евра. Објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки покажува дека Владата го склучи договорот со “Архитектоника ДООЕЛ“, еден од двата понудувачи на огласот. Според објавата, договорот меѓу Владата и Архитектоника е со времетраење од 4 месеци. Архитектоника стои потпишана и зад идејното дело на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов за барокната фасада на Владата, зделка вредна 3.300 евра, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки, а се јавуваат и како победници на тендерот на фасадата за ГТЦ. Жарко Чаушевски, досега победи на неколку конкурси на Владата и Градот Скопје, како што се идејните решенија за зградата на ЕЛЕМ спроти хотелот „Бристол“, почивалиштето на македонската музичка ѕвезда Тодор Проески во Kрушево, како и за изготвувањето на основен проект со вклучена ревизија за реконструкција на фасади на постојни објекти во централно градско подрачје на градот Скопје на улиците „Македонија“ и “Димитрие Чупоски“. Пред четири месеци од Градот Скопје за Фактор објаснија дека токму со фирмата Архитектоника имаат склучено 12 (дванаесет) договори за исто толку објекти. К.П

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби