26 Мај, 2024
0.0293

АРМ во акција - Ќе се детонира опасна бомба во Штип

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Штип се уште во неизвесност поради компликациите кои настанаа со планот на специјалната единица на АРМ за демонтирање на опасна авионска бомба која датира од Втората светска војна тешка 160 килограми која беше пронајдена во близина на штипската фабрика „Актива“.

Акцијата требаше да почне во 10 часот претпладнево, но беше стопирана од страна на сопственикот на „Актива“ Илија Николов со образложение дека при најмал потрес ќе има големи штети не само на објектот туку и на десетте ласерски машини кои по потресот ќе мора дваесетина дена да бидат штелувани и потоа да бидат вклучени во процесот на производство. Штета, според него, ќе има компанијата, но и странските партнери од Белгија и САД, каде што ги извезуваат деловите за автобуси, информира Сител

По четири часа застој тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување и на министерствата за одбрана и за внатрешни работи одлучија дека акцијата за уништување на оваа авионска бомба мора да продолжи како што е донесена одлуката. 

Капетанот Трајчо Савески, кој е дел од стручниот тим  на АРМ за уништување на бомбата истакна дека станува збор за авионски проектил кој има тежина од 250 килограми, а во него наместо 70, како што првично се информираше има 160 килограми експлозив тротил. Според него и според стручниот тим, дислокација не може да се направи поради запалките на бомбата од кои една е хемиска.

- Утврдено е дека станува збор за хемиска запалка која е од посебен карактер и за која не се препорачува поместување на самата бомба. Конкретно самите запалки не доаѓа во предвид да се одвртуваат или на кој било начин да се третираат, рече Савески.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу рече дека одлуката за детонирање на бомбата е донесена и се преземаат сите мерки за неутрализирање на разорното дејство по блиската околина, а за што авионската бомба е веќе поставена во дупка во длабочина од четири метри.

- Ќе ја закопаме со два метри пасок, а потоа на висина од тие четири метри ќе поставиме кадрони и талпи, рече Салиу. Појаснува дека при експлозијата песокот ќе ја амортизира брзината на движењето на шрапнелите кои би се забиле во кадроните. Според негова проценка, но и на стручниот тим од АРМ уништувањето на авионската бомба ќе се случи околу 16 часот.

За време на уништувањето на бомбата превентивно нема да има напојување со електрична енергија во делот од индустриската зона околу „Актива“.  

Оваа авионска бомба на 6 април 1941 април била фрлена од германски авион за да го уништи аеродромот „Сушево“, но повеќе од седум децении откако не екслодирала ја пронајде багерист кој копаше темели за новиот погон на штипската фирма „Актива“.


Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес