18 Декември, 2025
0.0872

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2024 22:36

Добивај вести на Viber

Вечерва во просториите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се одржа средба за соработка на работните групи на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и на ВМРО –ДПМНЕ, во состав: Горан Минчев, генерален секретар, Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски потпреседатели на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпреседателите на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.

На состанокот се разговараше за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, својата  платформа ја темели на идеолошките столбови на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се Македонија современа, демократска,  европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности,  интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа  Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција;  Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби,  забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи.

Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија инсистираа сите овие определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери