Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2024 12:05
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во интервјуто за ,,Слободен печат" истакна дека сега остануваат „марксисти - ленинисти заедно со ДУИ во опозиција“.
- Мислам дека Али направи за првпат сериозна грешка. Досега играше маестрално со нашите недоквакани политичари. Грешката е во тоа што дури 9 од своите пратеници им ги отстапи на коалиционите партнери. Загуби уште еден при прегласувањето. Дел од тие што ги има, ќе бидат купени - потенцираше Апасиев.
Пратеникот Апасиев се осврна конкретно на ,,пратениците на Али" кои остануваат во Собрание.
- За првпат Али ги стави старите ,,учки - кадри". Тука се: Муса Џафери, Блерим Беџети, претходниот спикер - сегашен премиер... Тие веќе не ти градат парламентарна кариера. Тие луѓе нема да поднесуваат акти, тие ќе си спијат, ќе доаѓаат само за гласање... Младата екипа негова - младите орлиња му ги нема на пратеничката листа, нема кој да му ја води парламентарната група и тие ќе се изгубат комплетно. Мислам дека стратешки погреши и веќе сфатија дека е пуштен низ вода - додава Апасиев.
Лидерот Апасиев стави акцент и на „оние кои одат во опозиција и на овие кои доаѓаат на власт".
- Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши - поентираше Апасиев.
Можеби ќе ве интересира
„СИЛАТА ВО СДСМ СЕ ВРАЌА“: Филипче вели не отстапуваат од борбата да ја вратат државата на вистинскиот пат

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ ГЛУМИ ИНСПЕКТОР НА АХВ“: Агенцијата за храна вели Крстевски не е овластен и не смее да врши контрола кај операторите за храна

ЗОШТО АЦЕВСКИ СЕ КАНДИДИРАШЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЃОРЧЕ? Објави видео во кое објаснува сѐ

„ДАЛИ СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА НА МВР КОИ БЕА ТАМУ НЕ ГИ ПУШТАА ДЕЦАТА ДА ИЗЛЕЗАТ?“: „Марш на ангелите“ во Кочани, родителите бараат средба со ОЈО ГОК

ИМА ДОСТРЕЛ ДО 17 КИЛОМЕТРИ: „БОРАН“ пристигна во Македонија

МАЈК ЗАФИРОВСКИ ПРЕДВОДЕШЕ АМЕРИКАНЦИ КОИ СЕ НА АЏИЛАК ВО ЗЕМЈАВА: Беа на средба кај Силјановска Давкова

ЗНАМ ПРАВИ ПРЕДИЗБОРИ ПРЕСМЕТКИ: Онаму каде што тие ќе имаат кандидат, ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и нема да има свој кандидат

НАША ТЕМА: Тастатура херои и дигитални тролови - Кои се навистина луѓето што коментираат со отров на социјалните мрежи?

ЈАНЕВСКА ЌЕ ВОВЕДУВА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ: Ќе го дополни човечкиот фактор во образовниот процес
