„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2024
Познатиот доктор Ненад Лазаров замолува за донации со цел да се соберат средства потребни за лекување на малиот Бошко.
„Ве молам споделете! Нашиот борец Бошко ве поздравува сите, се поблиску сме до целта, ВЕ МОЛАМ, од 100 до 6000 денари, кој колку може, да помогнеме во борбата“, пишува Лазаров на ФБ.
Бошко Јанкулов, студентот на кој што му беше дијагностициран канцер на карлица, веќе подолго време е на лекување во Турција, за кое лекување и напредок најголема заслуга имате сите вие добри луѓе кои секогаш несебично помагавте. Претстои операција за целосно отстранување на канцерот!