13 Април, 2025
0.0584

ИНТЕРВЈУ СО ДИМИТАР АРСОВ, ФМС

Арсов: ФМС на едно место ги нуди сите услуги поврзани со недвижностите

Објавено во: Економија, Интервјуа 23 Октомври, 2019 08:01

Добивај вести на Viber

Секој клиент има свои специфични барања и идеи во однос на просторот и услугите кои им се потребни, а ФМС е тука да ги разбере нивните потреби, да ги советува и да го изнајде најдоброто решение кое во целост ќе соодветствува со она што им е потребно.

Во разговoр за Фактор, Димитар Арсов, координатор на одделот за инвестиции и консалтинг за недвижности во компанијата зборува за сите решенија и услуги кои ги нудат. Впрочем, ФМС е и единствена вертикално интергирана компанија во областа на недвижностите во земјава која им овозможува на своите клиенти на едно место да ги добијат сите одговори и решенија за нивните барања.

Арсов: ФМС е единствената специјализирана компанија во земјата која на едно место ги нуди сите услуги кои се поврзани со недвижностите.  Организационата поставеност на компанијата и тимот на ФМС составен од кадри од различни профили овозможуваат да одговориме на сите барања и потреби на нашите клиенти. Започнувајќи од управување на објектите, имотот или средствата во форма на Facility, Property или Asset менаџмент, преку консултантски и брокерски услуги во делот на комерцијалните недвижности, изготвување на комплетни решенија, од идејни проекти до разработка на проекти, целосна изведба односно клуч на рака сѐ до техничко одржување и хигиена на објекти. Истовремено, сме и официјални претставници за LG за комерцијалната програма за греење и ладење со што може да понудиме најсовремени решенија, од топлински пумпи па сѐ до специфични индустриски решенија согласно потребите на потенцијалните клиенти. Нудиме и други еколошки и иновативни решенија во делот на греење и ладење сѐ со цел да ја заштитиме животната средина и да ги намалиме трошоците.

Кој е вашиот фокус? Кои услуги од комерцијалните недвижности им ги нудите на клиентите?

Арсов: За да одговориме најдобро на сите барања и потреби на клиентите, нудиме широк спектар на услуги од областа на комерцијалните недвижности. Започнувајќи од  консултантски услуги – пазарни истражувања, брокерски мислења, анализи на локација, студии за исплатливост на вложувања, организација на работен простор, преку брокерски услуги кои вклучуваат застапување на клиент при изнајмување, купување, издавање или продажба на деловен простор, изработка на стратегија за успешна реализација на барањето на клиентот, конкретни активности за исполнување на целите и советување на клиентот до успешна реализација, понатаму, услуги за репреговарање на постоечки закупнини на клиенти, сè до комплетна услуга за build to suit или „изградени по мерка” решенија за потребите на клиентите. Во исто време, ФМС обезбедува и комплетни asset, property и facility менаџмент услуги. Накратко, нудиме професионално, најдобро, најсоодветно и по мерка решение за потребите за деловен простор на секој клиент.


Што им обезбедувате на клиентите како предност генерално и во однос на конкуренцијата?

Арсов: ФМС е единствена вертикално интегрирана компанија во областа на недвижностите која нуди комплетни решенија за своите клиенти и им овозможува на едно место да ги добијат сите одговори и решенија за нивните барања. Наша најголема предност се професионалноста и стручноста со кои пристапуваме на секој проект. На нашите клиенти им обезбедуваме квалитетна услуга во секоја фаза од процесот, во согласност со нивните барања и скроено според нивните специфични потреби. Тука сме за нив, од самиот почеток, од процесот на истражување на пазарот за потенцијална инвестиција, од асистирање во сите административни процеси со цел полесно да отпочнат со деловни активности, до идентификација и наоѓање на деловни простории, изготвување на идејни решенија и комплетни проекти, оптимизација на трошоците и работниот простор како и репреговарање на постоечки договори. Тимот на ФМС, секој со своето специфично знаење и вештини, придонесува за обезбедување најдобра услуга за секој клиент, извршена според највисоки стандарди.

Со какви клиенти соработувате, од кои сектори се?

Арсов: Нашите клиенти вбројуваат компании од различни сектори и индустрии, почнувајќи од ИТ и outsourcing компании, финансиски институции па сè до дипломатски претставништва и амбасади. Секој клиент има свои специфични барања и идеи во однос на просторот и услугите кои им се потребни, а ФМС е тука да ги разбере нивните потреби, да ги советува и да го изнајде најдоброто решение кое во целост ќе соодветствува со она што им е потребно.

Кои се најновите трендови на пазарот на канцелариски простор?

Арсов: Како водечки и најактивни на пазарот на канцелариски простор во изминативе неколку години се издвојуваат ИТ и outsourcing компаниите. За овие компании карактеристични се промени во трендовите на работење, брз раст или намалување, па така и спецификите на канцелариските простори и уредување треба да ги пратат и да се во согласност со најновите трендови. Флексибилност на работниот простор и уредување кое овозможува оптимални услови за работа  стануваат стандардни барања на компаниите од ИТ индустријата кои сè повеќе ставаат акцент на грижата за своите вработени, квалитетот на просторот и условите за работа.


А каков е пазарот во Македонија и во Скопје?

Арсов: Како што напоменав, движечка сила на пазарот на канцелариски простор се компаниите од ИТ индустријата, а градот Скопје се издвојува како центар каде најголем дел од овие компании ги сместуваат своите седишта и извршуваат своите деловни активности.

Пазарот на канцелариски простор во Скопје веќе неколку години покажува недостиг на квалитетен деловен простор кој ќе одговара на потребите на компаниите, простор кој ќе биде флексибилен и кој е изграден според најновите светски стандарди. Во однос на овие критериуми, сеуште заостануваме зад поголемите центри од соседството како Белград и Софија каде целата организација во овој сектор и општо во работата со недвижности е доведена до едно повисоко ниво. Работиме на релативно нов и млад пазар и компании како ФМС, со својата стручност, професионалност и континуирана едукација на тимот ќе придонесат да се приближиме кон светските и интернационални стандарди на работа во оваа област. Се надевам дека сето тоа ќе придонесе за поголем број на инвеститори на пазарот, повеќе компании и поголем број на задоволни клиенти во годините кои следат.

Какви се цените и кои се вашите очекувања од тој аспект?

Арсов: И покрај недостигот на квалитетен деловен простор, позитивните сигнали во економијата како и неколкуте нови проекти кои ќе донесат на пазарот околу 35.000 м2 класа А канцелариски простор до 2021, придонесуваат за тоа да не очекуваме големи промени на цените на закуп и продажба и истите да останат стабилни во следните две години.

Која е вашата лична стратегија?

Арсов: Пазарот на недвижности е динамичен и трендовите често се менуваат. Секојдневната работа со различни клиенти, на различни проекти, секој со свои специфики и предизвици е доволен поттик за човек да се занимава со оваа професија. Предизвик е да се биде во тек со сите трендови, да се биде прилагодлив на новите услови, да се разберат потребите на клиентите и да се понуди соодветно решение, а сè со цел – задоволен клиент и успешен проект.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРАВИЛА ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО АВИОН? Позната авиокомпанија одлучи да го укине чекирањето, еве што ќе го замени

НОВИ ПРАВИЛА ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО АВИОН? Позната авиокомпанија одлучи да го укине чекирањето, еве што ќе го замени

БОИ ЗА ЈАЈЦА, ЈАЈЦА, МЕСО...АХВ уништи 1,230 килограми производи пред Велигден

БОИ ЗА ЈАЈЦА, ЈАЈЦА, МЕСО...АХВ уништи 1,230 килограми производи пред Велигден

„СОКРИЈТЕ СЕ, СРАМОТА Е, ПА СААТНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА Е 14 ЕВРА“: Глигорова направи пресметка на трошоците, надминуваат 60 илјади денари

„СОКРИЈТЕ СЕ, СРАМОТА Е, ПА СААТНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА Е 14 ЕВРА“: Глигорова направи пресметка на трошоците, надминуваат 60 илјади денари

ИАКО ИМАШЕ МАНДАТ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ДИРЕКТОРОТ СИ ЗАМИНУВА ПО ДВЕ - зошто поднесе оставка Марио Милер од „Краш“

ИАКО ИМАШЕ МАНДАТ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ДИРЕКТОРОТ СИ ЗАМИНУВА ПО ДВЕ - зошто поднесе оставка Марио Милер од „Краш“

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ, ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ И КОМЈУТЕРИТЕ ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧЕНИ ОД ЦАРИНИТЕ - ќе влезат и другите електронски уреди

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ, ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ И КОМЈУТЕРИТЕ ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧЕНИ ОД ЦАРИНИТЕ - ќе влезат и другите електронски уреди

ЗОШТО ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕМА ДА ГО ПРИСИЛАТ APPLE НА ПРОИЗВОДСТВО НА IPHONE ВО САД - дали одговорот веќе стигна од американската администрација

ЗОШТО ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕМА ДА ГО ПРИСИЛАТ APPLE НА ПРОИЗВОДСТВО НА IPHONE ВО САД - дали одговорот веќе стигна од американската администрација

КОЈА КОМПАНИЈА СЕ БЛИЖИ ДА СТАНЕ ТРЕТИОТ ЕДНОРОГ ВО РЕГИОНОТ - после Инфобип и Римац, Ominimo Insurance од Србија постигна вредност од 200 милиони евра за една година

КОЈА КОМПАНИЈА СЕ БЛИЖИ ДА СТАНЕ ТРЕТИОТ ЕДНОРОГ ВО РЕГИОНОТ - после Инфобип и Римац, Ominimo Insurance од Србија постигна вредност од 200 милиони евра за една година

КУЌА ОД 90 КВАДРАТИ НА ХАЛКИДИКИ ПОЕВТИНА ОД СТАН ВО БЕЛГРАД - еве која е цената и каква е локацијата

КУЌА ОД 90 КВАДРАТИ НА ХАЛКИДИКИ ПОЕВТИНА ОД СТАН ВО БЕЛГРАД - еве која е цената и каква е локацијата

ЗОШТО ТРИЧЛЕНА ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА - Апасиев вели дека според последниот попис, повеќе од половина од семејствата во земјава се четиричлени

ЗОШТО ТРИЧЛЕНА ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА - Апасиев вели дека според последниот попис, повеќе од половина од семејствата во земјава се четиричлени