Асанж не е руски шпиун, само и се одмаздува на Хилари Клинтон
Објавено во: Анализа 24 Октомври, 2016 15:25
Џулијан Асанж кој преку Викиликс објави илјадници хакирани мејл пораки од комуникацијата на Џон Подеста нема намера да му помогне на Трамп да ги добие изборите во САД, ниту пак е руски шпиун кој работи за интересите на Путин, туку едноставно сака да и се одмазди на Хилари Клинтон.
Џејмс Бол, поранешниот член на Викиликс, открива дека Асанж има лични мотиви против Хилари и дека со објавата на бројните мејл пораки сака да се врати на светската сцена како важен фактор кој може да влијае дури и врз исходот на американските избори. Либералната струја во САД повеќе не му дава поддршка на Асанж кој некогаш го сметаа за свој херој, додека пак конзервативците кои го мразеа сега го обожаваат, особено Доналд Трамп.
Токму затоа Еквадор реши да му го ограничи пристапот до интернет во амбасадата во Лондон каде тој веќе четири години живее во егзил плашејќи се дека САД ќе го екстрадира и можеби суди за шпионажа по што му се заканува смртна казна. Хакерите кои се лојални на Асанж поведоа и масовен DDoS хакерски напад кој цел ден блокираше голем број на интернет гиганти во знак на одмазда.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





