16 Декември, 2025
0.0425

„Аш Шабаб“ се закани со нови напади во Кенија

Објавено во: Свет 03 Април, 2015 15:06

Добивај вести на Viber

Сомалиската исламистичка група „Аш Шабаб“ се закани со нови напади во Кенија, еден ден откако уби 147 лица во 16-часовна опсада на универзитетски кампус, пренесоа агенциите.

„Веќе никаде нема да има безбедност за Кенијците додека војниците им се во Сомалија“, рече портпаролот на групата шеикот Али Мохамуд Раге за пробунтовническото радио „Андалузија“.

Околу 20 000 кенијски војници учествуваат во силите на Африканската унија, кои и помагаат на сомалиската влада во борбата против исламистите.

Нивниот портпарол рече дека во вчерашниот напад врз универзитетско гратче во Гариса, на околу 350 километри источно од Најроби, целта на исламистите била да убијат христијаните, а муслиманите беа ослободени. Тоа го потврдуваат искази дека напаѓачите ги застрелале оние кои не можеле да одговорат на поставуваните прашања поврзани со Коранот.

Кенија денес жали за жртвите од вчерашниот терористички акт. Црвениот крст ги повика луѓето да донираат крв за некои од 79-те повредени. Многу од повредените и загинатите беа пренесени денес со авион во Најроби, каде ќе бидат третирани или препознаени од блиските во мртовечница.

Најмалку четири лица го нападнаа вчера универзитетско гратче во Гариса, убија двајца чувари, а потоа ги убивале студентите во домовите, ги прогонувале и се обиделе да избегаат. Некои ученици велат дека преживеале, бидејќи знаеле да рецитираат стихови од Куранот. „Тие стоеја на главната улица меѓу домовите и поставуваа прашања за исламот и пророкот. Страшно беше, затоа што исламот не учи да ги убијат оние кои не го знаат ова учење“, цитира денес еден од учениците за весник „Дејли неишн“.

Безбедносните сили ги опколија напаѓачите во еден од домовите, во кое држеа заложници.

Властите соопштија дека се ликвидирани четворица напаѓачи. Според „Дејли неишн“ тие се самобиле, бидејќи носеле бомби под облеката.

Кенија објави награда од 20 милиони шилинзи (212 000 долари) за наводниот организатор на нападот Мохамед Дулјадаин, поранешен професор по Куран од Гариса.

Во градот и околината до 16 април е наметнат полициски час.

Ова е најтешкиот напад во Кенија по бомбашкиот напад на американската амбасада во Најроби во 1998 година, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете