05 Декември, 2025
0.0273

Асмунсен: Нема реструктуирање на грчкиот долг

Објавено во: Балкан, Економија 06 Октомври, 2012 10:44

Добивај вести на Viber

Реструктуирањето на грчкиот долг за што е задолжена Европската централна банка е правно невозможно, изјави членот на Управниот совет на Европската централна банка Јерг Асмусен. „Не можеме ниту да ги одложиме роковите на достасување на емисиите на грчки државни обврзници, ниту да ги намалиме каматните стапки. Едното и другото ќе бидат еднакви на бришење на долгот на Атина и ќе бидат директно финансирање на грчката држава. ЕЦБ нема законско право да стори вакво нешто ", истакна Асмусен во интервју за германскиот весник „Билд ам Сонтаг“. Тој потсети дека доделувањето на следната транша финансиска помош за Грција нема биде лесно. Владата на грчкиот премиер Андонис Самарас се уште го очекува извештајот на тројката меѓународни кредитори (ЕЦБ, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд) од што зависи и доделувањето на новата транша помош за Грција. Неодамна за германскиот весник Асмусен рече дека Грција треба да остане во еврозоната. Тој потсети дека условот за исплата на следната транша помош е  намалување на грчкиот буџетски дефицит за 2013 година - 2014 година и реализација на потребните структурни реформи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година