07 Април, 2025
0.0614

АСТРАЗЕНЕКА, ФАЈЗЕР, СИНОВАК - вакцини има доволно, а има и желба - еве на кои пунктови и кога можете да се вакцинирате

Објавено во: Македонија 19 Август, 2021 07:31

Добивај вести на Viber

Во време кога четвртиот бран на коронавирусот буквално доживува експлозија, а бројот на новозаболени и починати расте секој ден, се повеќе се зголемува и интерсот за вакцинација кај граѓаните.

Како една од причините што се повеќе граѓани одлучуваат да се имунизираат, секако е и фактот што Владата воведе строги рестриктивни мерки за невакцинираните, па тие, освен во угостителските објекти, на свадби, на кина, театри, јавни настани и слично, нема да можат да влегуваат ниту во шопинг молови, обложувачлници и теретани. 

Лекарите и здравствените власти и во земјава и ширум светот постојано апелираат дека вакцинацијата е најдобра заштита од тешка форма на болеста и од смртен исход, како и дека кај вакцинираните граѓани тој ризик се намалува за дури 20 пати.

Како и да е, во земјава постои зголемен интерес за вакцинација, а голем број граѓани се интересираат кои вакцинални пунктови работат и до кога.

Фактор на оваа тема разговараше со д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје, кој вели дека во Скопје во моментов се вакцинира во дури осум вакцинални пунктови, од кои пет работат и втора смена, односно до 19.30 часот.

Практично, од пред неколку дена во земјава се отворени уште неколку нови пунктоиви, а кај неколку е продолжено работењето и во две смени, така што граѓаните имаат повеќе термини кога можат да се вакцинираат.

Или конкретно, во две смени ќе работат вакциналните пунктови во Ѓорче Петров, Букурешт, Бит пазар, Чаир и Јане Сандански, и во нив граѓаните во секое време можат да се имунизираат до 19.30 часот. Додека, пак, пунктовите во Драчево, Шуто Оризари и Ченто, работат во една смена, или таму сите заинтересирани можат да добијат вакцина до 15 часот.

Како што е познато, вакцинацијата сега се врши без закажување преку Мој термин, туку секој граѓанин може кога е во состојба, да дојде во најблискиот вакцинален пункт, да почека на ред, и да ја добие својата доза.

„На располагање во пунктовите имаме три вида вакцини, односно АстраЗенека, Фајзер и Синовак. Вакцини има доволно и сите граѓани кои имаат желба, можат слободно да дојдат, да почекаат, по што без проблем ќе бидат вакцинирани. Без проблем тече и ревакцинацијата, бидејќи имаме доволно количини и за ревакцинија од сите видови вакцини“, објаснува д-р. Исијановски за Фактор.

Метеж од граѓани се уште има на вакциналните пунктови, иако, како што вели првиот човек на Здравствен дом Скопје, со отворањето на неколкуте нови пунктови, но и со продолжувањето на работата во две смени, малку е намален притисокот.

„Нема конкртетна возраст на граѓани која би можела да се издвои како најзаинтересирана за вакцинација. Буквално доаѓаат граѓани од сите возрасти, од постари, па до помлади“, вели д-р Исијановски.

Исто така, екипите на Здравствен дом одат на терен и вакцинираат неподвижни лица, кои од било кои причини не можат да дојдат самите на вакцинација, и такви се на пример граѓани болни од церебрална парализа, граѓани со мозочни удари и слични заболувања, како и постари граѓани од 80 години.

„Нивните семејства треба само да ги пријават на телефонскиот број кој е даден за таа намена од Министерството за здравство, по што од МЗ нас ни го праќаат списокот, врз основа на што ние одиме на терен низ скопските населби и ги вакцинираме неподвижните лица. Тоа го прави мобилен тим од поликлиниката Бит пазар. И за вакцинирање на неподвижни лица има зголемен број пријави, па така, неделно правиме најмалку 100 вакви вакцинации“, објаснува д-р Исијановски.

Исто така, преку Здравствен дом Скопје, а во соработка со градоначалниците на општините, мобилни екипи одат и во приградските населби, на пример во Сарај, Арачиново, Кондово.

„Градоначалниците на тие приградски скопски општини прават списоци со заинтересирани граѓани за вакцинација на кои им е далеку да доаѓаат до некој од вакциналните пунктови во Скопје, и ни ги испраќаат. И потоа одредуваме ден кога наши екипи би ја посетиле таа општина, и тогаш сите заинтересирани граѓани можат да дојдат и да бидат вакцинирани од нашите екипи“, објаснува д-р Исијановски.

Инаку, според последните податоци, завчера беа вакцинирани дури 17.427 граѓани, од кои со прва доза 11.732. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани.

А дека состојбата со корона вирусот е многу сериозна, зборува податокот што завчера беа регистрирани 1.081 нови случаи на КОВИД-19. Починаа 15 лица, од кои неколку млади, на возраст меѓу 37 и 50 години.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Никола Груевски објави фотографија стара 19 години: Бев претставен како брокер пред УМС

Никола Груевски објави фотографија стара 19 години: Бев претставен како брокер пред УМС

САШКО ЈАНЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА - партијата ќе се фокусира на претстојните локални избори

САШКО ЈАНЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА - партијата ќе се фокусира на претстојните локални избори

СНЕЖНА ИДИЛА НА БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - еве како беше по обилните врнежи (ВИДЕО)

СНЕЖНА ИДИЛА НА БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - еве како беше по обилните врнежи (ВИДЕО)

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ СО ПОРАКА: ЗНАМ ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово, владиното мнозинство е стабилно

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ СО ПОРАКА: ЗНАМ ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово, владиното мнозинство е стабилно

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ УБАВО, ДЕНЕСКА ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР - температурите под просекот, еве што не очекува оваа работна недела

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ УБАВО, ДЕНЕСКА ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР - температурите под просекот, еве што не очекува оваа работна недела

Филипче: Ова е доказ дека нашите членови веруваат во исправноста на политиките кои ги водиме

Филипче: Ова е доказ дека нашите членови веруваат во исправноста на политиките кои ги водиме

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ СТРУГА - ЌАФАСАН: снегот го отежна патувањето низ Македонија, задолжително понесете зимска опрема

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ СТРУГА - ЌАФАСАН: снегот го отежна патувањето низ Македонија, задолжително понесете зимска опрема

ЗАТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ВО СДСМ - Филипче останува на кормилото на најголемата опозициска партија

ЗАТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ВО СДСМ - Филипче останува на кормилото на најголемата опозициска партија

„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите