25 Ноември, 2024
0.0273

АСТРАЗЕНЕКА НЕМА ДА СЕ АПЛИЦИРА НА ЛИЦА ПОД 60 ГОДИНИ: Здравствените власти со ваква одлука по ставот на ЕМА секоја земја сама да реши

Објавено во: Македонија 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Откако Европската агенција за лекови (ЕМА) остави секоја земја да донесе сопствена одлука кого ќе вакцинира со вакцината на АстраЗенека, македонските здравствени власти соопштија дека во земјава нема да се вакцинираат лица помлади од 60 години. Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, кој беше во посета на спортскиот центар А1 Арена-Борис Трајковски, каде што се врши масовна имунизација.

-Утрово разговаравме за ставот на ЕМА по евалуацијата на вакцината на АстраЗенека. Има две препораки, едната е дека тромботичните појави треба да влезат во упатството за употреба на вакцината, а другата е секоја држава да заземе став. Нашиот став е вакцината да не се дава на лица помлади од 60 години во нашата земја, рече Филипче.

Министерот рече дека вкупниот број на вакцинирани со АстраЗенека е речиси 15.500 граѓани и дека освен случајот со 28-годишната девојка која беше вакцинирана во Србија, нема друг сериозен случај по вакцинирањето со АстраЗенека.

-Близу 15.500 граѓани досега се вакцинирани со „Астразенека“ во земјава. Во текот на денот се вакцинирани околу 1.000 и освен таа реакција кај девојката нема друга. Нема никаква несакана реакција официјално пријавена во МАЛМЕД која бара внимание или значење. Несакана реакција во смисла на локална реакција која се очекува после вакцината, мало црвенило, болка… не е нешто што би требало да се пријави како ефект или нешто што би било од клиничко значење, изјави Филипче.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа