31 Март, 2025
0.0271

АТАНАСКО ТУНЕСКИ СЕ ВРАЌА ВО РКЕ – Владата на Собранието му предложи два нови члена на комисијата

Објавено во: Економија 27 Март, 2025 10:12

Добивај вести на Viber

На предлог на владата меѓу членовите на Регулаторната комисија за енергетика се враќа искусниот професор од Машински факултет, кој и претходно бил дел од оваа комисија, Атанаско Тунески. Со новиот предлог кој е доставен во Собранието, Владата предлага нов член на РКЕ да биде и Ирфан Шакири.

-  Владата на седницата одржана на 11 март 2025 година го разгледа Списокот за кандидатите на Комисијата за разгледување на пријави од кандидати по објавениот Јавен оглас за именување на 2 члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад и му предложи на Собранието за членови да ги именува: Ирфан Шакири и Атанаско Тунески– се наведува во документот доставен во Собранието, а на кој потпишан е самиот премиер.

РКЕ е самостојно регулаторно тело кое го регулира и контролира начинот на вршење на енергетските дејности. Комисија е составена од седум члена, од кои еден е претседател. Законот предвидува еден член на комисијатада е стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката, еден член е стручно лице за економски прашања од областа на енергетиката и/или водните услуги, еден член е стручно лице за технички прашања од областа на водните услуги и останатите членови се стручни лица за технички прашања од областа на енергетиката.

Законот утврдува дека мандатот на секој член и на претседателот на РКЕ трае пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два последователни мандати. Исто така законот утврдил дека функцијата член на комисијата се врши професионално и е неспојлива со извршување на друга функција во политичка партија или работно место. Ако членот пред именувањето бил во работен однос, работниот однос му мирува.

Со Одлука на Собранието донесена на 16 декември 2024 година беа разрешени два члена на РКЕ, а на 21.2.2025 година беше објавен оглас за именување нови.

Сега во рамки на комисијата активни членови се Марко Бислимоски, претседател на РКЕ, Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ, и членовите Александар Чеботарев, Фатон Амбари и Елена Маркова – Велинова.

Од новите двајца членови, кои се очекува Собранието да ги изгласа без проблем, Тунески веќе е добро познат во јавноста. Тој е професор од Машинскиот факултет и енергетски експерт кој беше и се уште е политички активен. Иако првичните активности на полето на политиката ги имаше во ВМРО-ДПМНЕ, излезе од таму и се приклучи кон СДСМ. Тој беше избран за член на РКЕ во 2018 година, а две години подоцна Државната комисија за спречување корупција утврди судир на интереси кај Тунески, поради што побара да се откаже од функцијата во РКЕ. Од пред извесен период Тунески е член на ЗНАМ, и тој минатата година беше кандидат за пратеник од ЗНАМ.

Меѓу другото, Тунески на крајот на 2023 година апелираше надлежните да не го потпишуваат договорот со грчката компанија за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ со објаснување дека е штетен за нашата земја и сите приливи ќе одат кај странскиот инвеститор.

Вториот член, Ирфан Шаќири е познат како вештак за електротехника, и е познат по работата во „Еколог“, воедно е и професор на неколку универзитети.

П.О. 

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС