19 Декември, 2025
0.1770

Тунески: Ќе дојдат петорица Грци и ќе ни го земат „Тиквеш“ и Црна Река

Објавено во: Економија 12 Декември, 2023 10:07

Добивај вести на Viber

Професорот Атанаско Тунески во емисијата „Утринска“ на Телма упашти уште еднаш апел до надлежните да не го даваат проектот „Чебрен“ на странски инвеститор, затоа што, како што кажа тој, би ја загубиле и хидроцентралата Тиквеш и Црна Река.

Ќе донесат петорица Грци, ќе соберат пари, кајмак, вода, се ќе соберат. Тоа ќе значи дека наместо досегашните 8 милиони евра, од ХЕЦ Тиквеш струјата ќе ни ја продаваат за 40 милиони евра. Одма ќе се зголеми цената. Таа струја сега што ја користиме, е дел од Тиквеш, сега не чини X, а ќе не чини понатаму 5Х. Кој ќе го плати тоа, ако не народот“, рече поранешниот член на Регулаторна комисија за енергетика во студиото.

Тој дополни дека и порано имало идеја да се даде „Чебрен“ на странци, но иако понудата била подобра, ниту тоа не било прифатливо.

„Германците понудија 49 отсто од струјата за нас, не од ќарот, а концесијата беше 39 години, а сега треба да се даде на 60 години. Беше одбиена затоа што не беше добра ниту таа понуда. Концесија од 60 години е многу. Ќе има многу што не се ни родени, а нема да доживеат до тогаш. Секој ден ќе му даваме по 100.000 евра некому екстра, а тоа не се мали пари“, смета порнешниот директор на МЕПСО.

Тој го повика Министерството за животна средина да не го потпишува договорот за концесија со грчката ЕПП Архиродон.

„Како ќе потпишат, кога е спротивно на европските закони за животна средина, спротивно на Бернската конвенција за биодиверзитет, со толку висока брана“, прашува Тунески.

Тој додаде и дека дистрибутивната цена на струјата во Македонија е највисока во споредба со останатите дистрибутивни цени во регионот.


Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар