10 Декември, 2025
0.0611

Атина ќе ги оданочува богатите грци во швајцарски банки

Објавено во: Свет 08 Ноември, 2012 10:28

Добивај вести на Viber

Швајцарија е подготвена да почне формални преговори со Грција за постигнување договор за оданочување на средствата кои богатите Грци ги имаат на тајни сметки во швајцарските банки. Швајцарската влада соопшти дека усвоила мандат за преговори по консултации со неколку парламентарни комисии. Двете влади веќе неколку месеци имаат првични дискусии за ова прашање. -Берн и Атина се стремат кон брзо склучување договор, сличен на договорите со Германија, Велика Британија и со Австрија, се вели во соопштение на швајцарската влада. Една од главните теми во Грција, особено со влошувањето на рецесијата, е таканаречената „Лагард листа“, именувана според шефицата на ММФ, Кристин Лагард, која ги содржи имињата на повеќе од 2.000 Грци кои имаат сметки во швајцарски банки. Лагард во 2010 година, додека беше министерка за финансии на Франција, на власта на неколку земји од ЕУ им предаде информации за затајувачи на данок. Каков било договор со Швајцарија може да помогне во пополнувањето на некои дупки во буџетот на Грција со изрекување казни за постоечките салда и со данок на добивка за следните вложувања. Швајцарската влада сака да склучи такви договори за оданочување како алтернатива на автоматска размена на банкарски информации, во обид да ја одбрани тајноста, која е клучна за нејзината индустрија за офшор-богатство, вредна две илјади милијарди долари. Информациите за наводните даночни измамници на „Лагард листата“ налутија многумина кои веќе беа бесни поради немоќта на грчките влади да се справат со богатите Грци, додека неколкугодишната рецесија збриша една петтина од економијата и тешко ја погоди средната класа. Според извештај на ЕУ објавен минатата година, неплатените даноци во Грција изнесуваат околу 60 милијарди евра, износ еднаков на околу една четвртина од нејзината економија и повеќе од шестина од долгот на земјата. Денес не е јасно колку пари може да собере Атина со данокот на добивка. Според студија од 2009 година, Грците во швајцарските банки имаат непријавени околу 24 милијарди швајцарски франци. Најверојатно, таа сума е зголемена со оглед на влошувањето на економската ситуација во Грција. Швајцарија веќе има потпишано договори за оданочување со Велика Британија, Австрија и Германија, а во тек се преговори и со Италија. Меѓутоа, судбината на германскиот договор сега е во рацете на Бундесратот, горниот дом на германскиот Парламент, каде што владата на канцеларот Ангела Меркел нема мнозинство. Опозициските социјалдемократи се заканија дека ќе го блокираат договорот, велејќи дека е премногу попустлив за затајувачите на данок.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон