Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск
Објавено во: Свет 09 Декември, 2025 08:28
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја нарече „непријатна“ казната што Европската Унија ѝ ја наложи на социјалната мрежа „Икс“ (X) на Илон Маск и додаде дека не разбира како може да се оправда таква мерка.
Компанијата „Икс“ на Маск минатата недела беше казнета со 120 милиони евра (140 милиони долари) од европските технолошки регулатори за прекршување на правилата за онлајн содржина.
- Европа се движи во многу лоша насока, им рече Трамп на новинарите на настан во Белата куќа и додаде дека очекува да добие целосен извештај за случајот подоцна денеска. - Не знам како можат тоа да го прават, рече Трамп. Според него, Илон Маск не му се јавил и не побарал помош од него во врска со случајот. - Европа мора да биде многу внимателна“, предупреди Трамп.
ЕУ на 5 декември го казни Икс со 120 милиони евра (140 милиони американски долари) за кршење на нејзините правила за транспарентност, обвинувајќи ја платформата за лажно авторизирање на корисничките профили со сини ознаки, дека крие податоци од истражувачите и не ги документира транспарентно рекламите поставени на платформата. Комисијата соопшти дека висината на казната е пропорционална на прекршувањето.
На истиот настан, Трамп рече и дека ќе воведе високи царини за вештачките ѓубрива од Канада, доколку тоа биде неопходно.
- Многу од нив доаѓаат од Канада и ние ќе им наметнеме високи царини, ако е потребно, бидејќи тоа е начинот на кој сакаме да ги стимулираме нашите производители, изјави Трамп во врска со увозот на вештачки ѓубрива од Канада.
Трамп се закани и дека ќе воведе дополнителни 5-процентни царини за Мексико, кое го обвини дека го прекршува договорот за споделување на водата со САД.
„Ако Мексико не одговори на нашите барања, тоа ќе биде многу нефер кон нашите земјоделци кои ја заслужуваат оваа толку потребна вода“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?
ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“
Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ
Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина
Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон
Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката
Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија





