20 Декември, 2025
0.3412

Атина во метаморфоза-Политичката бура во Грција отсега е програмирана!

Објавено во: Балкан 12 Јули, 2015 13:22

Добивај вести на Viber

Под притисок на реалноста Алексис Ципрас нагло ја смени тактиката на преговорите со кредиторите и одговори на нивните барања, иако резултатите од грчкиот референдум беа други. Ризично решение, смета во својот коментар Спирос Москову.

Повисоки даноци, пониски пензии, приватизација, намалување на трошоците за одбрана: ова се основните мерки во новиот предлог на грчката влада кон меѓународните кредитори. Или ако треба да ја резимираме понудата, Атина нуди штедење, лишувања и финансиска дисциплина. Зад ветувањето прозира надеж дека ќе следи моќна инвестициона програма за погонот на грчката економија и реструктуирање на грчкиот долг.

Но, тоа е истиот оној микс од мерки за штедење и реформи, кој популистички грчката влада го означуваше како „отруен“ низ сите пет месеци на целосно јалови преговори со кредиторите. Со многу мали исклучоци, ветувајќи сега е истиот тој што оваа влада одбиваше да го прифати, пред да бидат прекинати преговорите пред две недели, и што грчките гласачи го отфрлија на референдумот пред една недела.

„Оптимистот“ Ципрас

Ненадејната Метаморфоза на владата на премиерот Ципрас сепак не се должи на некакво божествено просветлување. Во случајот станува збор за повеќе класичен случај на оптимизам: до крајот на јануари годинава Сириза беше една груба и неселективна опозиција, а по победата на парламентарните избори таа стана бунтовна опозиција спрема сите останати во Европа. И дури сега, непосредно пред да настапи Тоталниот финансиски колапс на земјата, владечката партија одлучи да започне да ја игра улогата на владејачка партија, во која тие веќе одамна требаше да се логирани.

Ципрас изгледа станува разумен. Дури сега, откако грчките банки мораа да затворат, а пензионерите да почнат да чекаат ред пред банкоматите. Сега тој се обидува да постигне национален консензус со проевропските опозициски партии и привремено да го ублажи избувнувањето на гнев од страна на неговиот воен министер. Сега Ципрас доставува до своите кредиторите свои предлози кои само довчера категорично одбиваше да прифати.

Сосема можно е овие предлози во прво време да ги моалт институциите кои и по овој пат да ја спасат Грција од банкрот. Проблематично сепак останува спроведувањето на ветеното: бидејќи ветуваа реформи не се резултат на внатрешно политичко убедување за нивната неопходност. Напротив - тие влегуваат во остра спротивност со предизборните ветувања и политичкиот светоглед на двајцата коалициски партнери во управувањето.

Ќе издржи ли оваа коалиција?

Тие навистина пропагираат правда и достоинство, но во исто време конзервираат еден болен и надуен до бесконечност јавен сектор, цементирање на приносите и разор во грчкото општество. Неслучајно двајцата од министрите на Ципрас одбија да го потпишат барањето до Парламентот да ги одобри предложените реформи - министерот за одбрана и претседател на десниот коалициски партнер Анел, Панос Каменос и министерот за енергија од Левичарскиот тек на Сириза, Панајотис Лафазанис.

Но, дури и да претпоставиме дека најновиот план на премиерот Ципрас ќе функционира и затоа т.н. „грекзит“ ќе биде спречен, политичката бура во Грција отсега е програмирана.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација