02 Ноември, 2024
0.0263

Атина воведува нов данок – Јахтата на Абрамович транзит низ егејот ќе ја чини 15.500 евра

Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Грчките власти продолжуваат со своите невообичаени потези во обидот да ги решат проблемите со домошните финансии. Раководството кај јужниот сосед донесе нов закон според кој ќе треба да бидат наплаќани такси за движење во морето. Таксите ќе бидат собирани од малите бродови од сите националности, независно дали се трговски или на физички лица кои се со должина од 7 метри. За тие со должина помеѓу седум и осум метри таксата ќе биде 200 евра. 300 евра ќе им се наплаќа на пловечките објекти со должина од осум до десет метри додека за тие со должина од десет до 12 метри ќе се наплаќа 400 евра. Секој пловен објект над 12 метри ќе биде должен да плати такса со дополнителни 100 евра за метар. Платениот данок ќе биде валиден за целиот период во кој пловниот објект е во грчки води. Воведувањето на такса за пловење во грчки води е стара идеја со повеќе од две годишна историја. Основните опасности за противниците на мерката се дека таа може да го засегне туризмот. Голем дел од локалните сопственици на бродови изразиле подготвеност да ги напуштат грчките води. Други пак се во очекување на можностите за отстапки за определени категории на пловни објекти, за да се избегне преместувањето. Оваа мерка е уште една во низата чудни потези кои ги прават грчките власти се со цел да се соберат повеќе средства во државниот буџет. Иако законот е веќе донесен, грчките морепловци, но и локалните мештани кои секојдневно ги користат своите бродови очекуваат дека ќе се изнајде начин тие да бидат изземени од оваа мерка со оглед на тоа дека користењето на пловните објекти за голем дел од нив во овие кризни времења се основно средство за живот, а сепак такста е голема дури и за европски стандард. Многу повеќе се очекува оваа мерка да влијае на туризмот. Можеби јахтите на светските џет сетери се со многу поголема вредност, но и средстават кои од нив ги бараа Грција не се мали. Ако рускиот бизнисмен Роман Абрамович познат по луксузниот живот одлучи да ја паркира својата омилена јахта долга 163 метри на некоја од грчките плажи ќе мора на властите во Атина да им исплати неверојатни  15.500 евра. Сумата можеби и не е голема за Абрамовиќ и неговиот месечен одмор на грчките плажи, но аналитичарите очекуваат оваа мерка да предизвика револт со оглед на тоа дека истата сума ќе се наплаќа и за транзит низ грчките води. К. К.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: И Црна Гора прогласи Ден на жалост

ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: И Црна Гора прогласи Ден на жалост

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина извлечената девојка од урнатините

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина извлечената девојка од урнатините

ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ: Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата

ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ: Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата

САЗДОВСКИ БИЛ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Вчера планирал да се врати во Македонија

САЗДОВСКИ БИЛ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Вчера планирал да се врати во Македонија

УШТЕ ЕДЕН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР И АКТИВИСТ ДАДЕ МИСЛЕЊЕ: Посочува што би можела да биде причината за несреќата во Нови Сад

УШТЕ ЕДЕН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР И АКТИВИСТ ДАДЕ МИСЛЕЊЕ: Посочува што би можела да биде причината за несреќата во Нови Сад

ЃОКОВИЌ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Моето срце е со настраданите

ЃОКОВИЌ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Моето срце е со настраданите

ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ: Во Нови Сад починаа две девојчиња

ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ: Во Нови Сад починаа две девојчиња

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка

ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка