05 Декември, 2025
0.0676

Атмосферската канализација на улица „Перо Наков“ и улица 840БИС

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2013 13:25

Добивај вести на Viber

Градот Скопје денеска ги започна градежните работи за изградба на атмосферската канализација на улица Перо Наков и улица 840БИС, општина Гази Баба. - Денеска ги почнуваме градежните работи за изградба на атмосферската канализација на улица Перо Наков и улица 840БИС, бидејќи кога има  обилни дождови водите се собираат на улицата и отежнато се одвива сообраќајот. Но уште позначајно е тоа што ќе изградиме тротоари по коишто граѓаните коишто живеат во околината или пак пазарат во околните продавници ќе можат безбедно да се движат. Вкупната вредност на проектот е 2.841.098 денари, рокот за изведба е 6 месеци, но се надевам дека ќе биде завршен за пократко време – истакна градоначалникот Трајановски. Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски кој присуствиваше на почетокот на изградбата, истакна дека ова е едно од најфреквентните места во општината, а со изградбата на атмосферска канализација и тротоари ќе се реши еден долгогодишен проблем и ќе се зголеми  безбедноста  на сите учесници  во сообраќајот. Градежните работи ќе започнат на улица 840БИС којашто е со широчина од 6 метри и лош деградиран завршен слој на асфалт, кој на делови е многу оштетен и не овозможува нормално одвивање на сообраќајот и на одведување на атмосферските води. Во рамките на проектот ќе се изврши реконструкцијата на ул. 840БИС, крак 1, со должина од 130 метри, ќе се изградат тротоари со широчина од 1,8 метри и атмосферска канализација со коловозни сливници и ревизиона шахта. Во текот на градежните работи ќе се изврши целосна замена на оштетениот слој на асфалтот и ќе се вгради 490 кубни метри тампон со дебелина  од 30 см. Врз тампонот ќе се нанесе асфалт БНС-22 во два слоја  и завршен слој од 6 см од  асфалтна маса АБ-16.  На целиот потег ќе се изградат и пешачки патеки  широки 1,8 метри што ќе им овозможат безбедно движење на пешаците.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип