19 Декември, 2025
0.0698

Летен ред на летање: кои се новите евтини дестинации на Виз Ер?

Објавено во: Економија 15 Март, 2013 07:42

Добивај вести на Viber

Дополнителни 46 летови имаат македонските граѓани во претстојната летна сезона до кои компаниите кои вршат редовен воздушен сообраќај ќе сообраќат од Скопје до атрактивните европски дестинации.Агенцијата за цивилно воздухопловство го утврди летниот ред на летање кој стапува на сила на 31 март и важи до 26 октомври годинава. 

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Виз Ер во летна сезона најави дека ќе го зголеми бројот на летови за дополнителни 24 во однос на претходната летна сезона, кога леташе само 5 пати неделно на линијата Лондон - Скопје - Лондон и Венеција - Скопје - Венеција. Од април Виз ер ќе лета до Базел, Ајндховен, Дортмунд, Бергамо, Малме, Менингем и Стокхолм.

Шест лета повеќе најави и авиокомпанијата Хелветик Ерлајнс, која продолжува да оперира на лините Цирих - Скопје - Цирих и Цирих - Охрид - Цирих. Оваа година, компанијата одлучи со Скопје да лета секој ден во неделата, наместо како до сега, само во недела, додека за Охрид компанијата ќе лета еднаш дневно, и тоа само во недела.

Четири пати повеќе или секој ден по два пати дневно, годинава до Истанбул, ќе оперира и турскиот авиопревозник Туркиш Ерлајнс. Бројот на летови во летната сезона го зголеми и нискобуџетната авиокомпанија од Дубаи, Флај Дубаи, која наместо само во понеделник и четврток, на македонските патници ќе им овозможи летови и во четврток и недела.

Три лета повеќе споредено со минатата година овозможува и српската државна авиокомпанија ЈАТ Ервејс на дестинациите Белград-Скопје и Белград – Охрид - Скопје - Белград. Со зголемување од по еден лет во однос на минатата сезона е и нискобуџетната компанија Пегасус Ерлајнс, која оваа сезона одлучи да не ја оперира дестинацијата Скопје-Измир, туку само Истанбул-Скопје, од вторник до недела.

Наместо еднаш дневно, оваа сезона, компанијата Туи Ерлајнс (Tui Airlines Belgium), во вторник ќе оперира два пати дневно на релација Брисел-Скопје. Еднаш дневно во недела, компанијата ќе врши воздушен превоз од Брисел до охридскиот аеродром Св. Павле. Оваа летна сезона, во редовниот авиосообраќај со 4 лета неделно ќе се вклучи и компанијата БХ Ерлајнс и ќе дестинира од Сараево до Скопје, секој понеделник, среда, петок и недела.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар