Авиокомпанија отстрани дете со аутизам бидејќи не носело маска
Објавено во: Свет, Корона Вирус 17 Март, 2021
Четиригодишно момче со аутизам беше отстрането од лет во САД откако авиокомпанијата одби да го признае неговиот инвалидитет и инсистираше на тоа дека треба да носи маска за лице, објави Би Би Си.
Spirit Airlines за американските медиуми изјави дека сите нивни патници, освен оние на возраст под две години, мора да носат маска. Упатствата во САД налагаат дека од патниците со медицинско ослободување не треба да се бара носење маска. Мајката на момчето изјавила дека обожава авиони и е вознемирен откако го отстраниле. Кали Кимбал за американските медиуми изјави дека патувала со нејзиниот син Картер и нејзиниот сопруг од Лас Вегас во понеделникот и имала медицинска белешка во која се објаснува состојбата на нејзиниот син.
„Тој е ослободен од носење маски затоа што кога и да носи маска тој го задржува здивот или ќе си наштети на себеси“, објасни таа.
Кога нејзиниот сопруг му ја покажал белешката на екипажот, персоналот рекол дека аутизмот не е попреченост и дека детето или мора да носи маска или да се симне. Семејството успеало да добие лет до Арканзас со American Airlines, а компанијата ја прифатила медицинската белешка.
foto reuters
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.