05 Декември, 2025
0.0295

Австралија не е повеќе ветената земја!

Објавено во: Анализа 08 Август, 2014 08:48

Добивај вести на Viber

Вработеноста во Австралија направи неочекуван пад во јули, a учеството на невработеноста расте повеќе од очекуваното и достигна 12-годишен максимум. Aвстралиската економија изгуби 300 работни места за еден месец наспроти прогнозата на испитаниците од Ројтерс кои очекуваа пораст од 12 000. Вработувањето на полно работно време се зголеми за 14 500 лица, додека она на скратено отстапи со 14 800 луѓе според податоците на Националната статистичко биро. Истовремено, стапката на невработеност се искачи на 6,4% - највисоко ниво од средината на 2002 година. Коефициентот на економска активност - оние кои имаат работа, бараат работа или се подготвени да почнат со работа, пак се искачи на 64,8% од 64,7% во јуни. Според Сем Волш, извршен директор на англо-австралискиот гигант Rio Tinto, податоците се разочарувачки. Ова размислување го делат и голем број аналитичари. "Се разбира, имаше некаков раст кај вработувањето на полно работно време и тоа можеби беше добрата вест, но на крајот на денот имавме повисок процент на невработеност отколку што ние и пазарот очекувавме", рече валутниот стратег во Barclays, Хамиш Бибер. Новите податоци пак се спротивни со последните економски сигнали - потрошувачите се расположени и даваа пари силно во јули, а цените на куќите забележаа стабилен раст во јуни и јули. Условите за бизнис пак се кренаа во последниве недели. "Податоците покажуваат дека загубата на инерција во вториот квартал продолжува да е кочница за пазарот на трудот", изјави Пол Блом, главен економист за Австралија и Нов Зеланд во HSBC. "Одложувањето на растот во вториот квартал го следеше силниот раст на БДП во првиот, но исто така и влијанието на опаѓањето на цените на суровините и упорно скапиот австралиски долар", додаде тој. Австралиската економија се бори да ја врати рамнотежата по позитивните сигнали во приносниот сектор, кој беше подложен на тежок пад на побарувачката од страна на Кина. Сепак Блом не очекува понатамошни намалувања на каматите во позадината на сигналите од главните централни банки во светот, како Федералните резерви на САД, кои се стремат да се насочат кон пораст на стапките. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени