Австралиската полиција притвори пет лица со обвиненија за терористички акт
Објавено во: Свет 18 Април, 2015 11:08
Полицијата во Австралија уапси пет лица со образложение дека подготвувале терористички напади за време на наближувањето националниот празник, пренесеува „The New York Times“. Премиерот на Австралија Тони Абот најави дека приведените биле инспирирани од групата Исламска држава, но не прецизираше дали се нејзини членови.
Двајца од уапсените се на 18-годишна возраст. Се очекува тие да бидат обвинети за подготовка на терористички акт и поседување на забранети оружја. Според полицијата тие се подготвувале за напади врз полицајците во Мелбурн за време на празникот на 25-ти април, кој го слави приземјувањето на воени од Австралија и Нов Зеланд на полуостровот Галиполи за време на Првата светска војна.
Апсењата се дел од големата полициска акција во Мелбурн, во која биле вклучени над 200 полицајци. Петмината приведени биле следени, апсењата се направени веднаш откако полицијата дознала за конкретна закана.
Третиот уапсен, исто така бил на 18-годишна возраст, најверојатно, ќе биде обвинет за поседување на забрането оружје. Другите двајца уапсени кои се на 18 и 19 години, ќе бидат сослушани од полицијата, и против нив, исто така може да бидат покренати обвиненија.
Вршителот на должноста заменик комесар на федералната полиција на Австралија Нил Гаугн изјави на прес-конференција дека петмината се познати како соработници на Абдул Њуман Хајдер, кој во септември 2014 година нападна двајца полицајци во Мелбурн со нож и беше убиен. Гаугн додаде дека Хајдер и бил познат на полицијата, осомничен е за тероризам и со одземен пасош.
Премиерот Абот најави дека локалните власти вршат над 400 истраги на потенцијални осомничени. Пасошите на над 100 Австралијци им се одземени, за да не им се даде можност да одат на Блискиот Исток и да се приклучат на екстремистичките групи.
Во февруари годинава австралиската полиција уапси други двајца мажи во предградието на Сиднеј. Претресот во нивниот дом пронајде оружје домашно изработено знаме на Исламската држава и видео на кое еден од мажите раскажува за плановите за терористички напад.
Австралија е дел од коалицијата предводена од САД, која врши воздушни напади врз исламската држава во Сирија. Минатата недела земјата испрати и дополнителни војници во Ирак, кои ќе помогнат во обуката на ирачката армија.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




