Австралиски вулкан во близина на Антарктикот исфрла лава

Објавено во: Свет 30 Мај, 2023
Еден од двата активни вулкани во Австралија, на островот Херд во близина на Антарктикот исфрла лава, покражуваат снимки од сателит.
Исфрлањето на лава на ненаселениот остров од вулканот познат како Биг Бен, на околу 4.100 километри југозападно од Перт и 1.500 километри северно од Антарктикот, е дел од тековната ерупција за прв пат регистрирана пред повеќе од една деценија, пишува Гардијан.
Фотографиите, направени на 25 мај од сателитот Коперник Сентинел-2 на Европската вселенска агенција, се мешавина од оптички и инфрацрвени снимки.
Тие покажуваат како лава тече по страните на Биг Бен од близина на врвот на вулканот, пишува британскиот весник.
Вториот активен вулкан во Австралија се наоѓа на блиските острови Мекдоналд.
Satellite imagery has captured a shot of one of Australia's only active volcanoes erupting. #9Newshttps://t.co/V2DKk8wDfk
— 9News Australia (@9NewsAUS) May 29, 2023
Извештаите составени од Глобалната програма за вулканизам на институцијата Смитсонијан, пред да се сподели сликата, велат дека тековниот проток на лава е дел од „еруптивна епизода“ што трае од септември 2012 година. Програмата има записи за ерупции на островот Херд кои датираат од 1910 година.
Д-р Тереза Убиде, вулканолог и вонреден професор на Универзитетот во Квинсленд, изјави дека овој вулкан еруптира од почетокот на 20 век. Убиде рече дека островот Херд е специфичен по тоа што, како вулкан, се наоѓа во средината на тектонска плоча, а не на нејзината маргина.
Фото: Принтскрин/ТвитерМожеби ќе ве интересира
ПРВ ИЗВЕШТАЈ НА СЗО ЗА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК: Правилен третман на хипертензијата може да спречи 76 милиони смртни случаи

ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ЗЕЛЕНСКИ? Слабее западната поддршка за Украина

ШОК ЗА ЗЕЛЕНСКИ, ДОБРА ВЕСТ ЗА ПУТИН: Најголемиот сојузник на Киев престанува со поддршката, еве што направи „драмата со житото“

(ВИДЕО) Изгоре складиште со гориво во Сочи по напад со дрон

„ВРИЕ“ ВО ЛИБИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ: Либијците ја запалија куќата на градоначалникот на Дерна

Ким Џонг Ун конечно се врати од Русија по денови патување со оклопниот воз

NEURALINK НА ИЛОН МАСК БАРА ЛУЃЕ СО ПАРАЛИЗА: Ќе се тестираат мозочните импланти
