Aвстријци се жалеа поради високите цени на Јадранот, Хрватите им одговорија
Објавено во: Економија, Балкан 17 Август, 2025 16:34
Фотографија од сметка од ресторан во Ровињ неодамна предизвика жестоки дискусии на социјалните мрежи.
„Шокантно високите цени за обичните пијалаци и едноставните јадења ги оставија многу интернет корисници без зборови, особено оние кои сè уште се сеќаваат на овој истарски град како релативно прифатлива дестинација за одмор“, објавува австрискиот портал Космо.
Авторот на виралната објава на Reddit, кој е Хрват, изрази изненадување од зголемувањето на цената.„Сестра ми ми ја испрати оваа сметка од одмор во Ровињ. Тие цени не се плаќаат дури ни во срцето на Виена, во самиот центар на градот, веднаш до црквата Стефансдом.“
Тој, исто така, се присети на времето кога бесплатниот паркинг и лесниот пристап до плажите во Ровињ беа норма, додека денес речиси насекаде се наплаќа паркинг од едно до шест евра на час.
Приложената сметка навистина открива изненадувачки износи – половина литар Кока-Кола Зеро чини 5,50 евра, шише од 0,3 литри обична Кока-Кола чини четири евра, а ладен чај чини пет евра. Кога станува збор за храна, зголемувањето на цените продолжува: половина пица со шунка или салама чини 7,50 евра, додека цела чини 15 евра. Порција ќебапчиња чини 16 евра, а лазањи со пилешко и зеленчук чинат 14 евра. Вкупно, туристите платиле 80 евра за оброкот.

Објавата предизвика лавина од коментари кај хрватските корисници. Мислењата се поделени – додека многумина ги опишуваат цените како „груби“ или „ужасни“, други ги сметаат за „нормални“
Сепак, некои отворено признаа дека поради таквата политика на цени, сега ги избегнуваат познатите дестинации на хрватскиот брег.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





