Невакцинираните Австријци можат да ги напуштат домовите за да купат основни работи, да одат на работа или на лекар
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Ноември, 2021
Aвстрија го ограничи движењето на невакцинираните граѓани.
На Австријците кои не се вакцинирани против ковид-19 од денеска ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само за да купат основни работи, да одат на работа или на лекар. Ќе има проверки за да се осигура почитувањето на мерките.
Прекршувањето на карантинот ќе се казнува со парични казни до 1.450 евра.Покраините можат да воведат и построги мерки. Во Австрија речиси секој ден има нов рекорд на нови случаи на ковид-19. Деновиве, властите регистрираа 13.000 нови случаи. Досега, вакцинирани се околу 65 отсто од Австријците. Инаку, овие мерки предизвикаа протест пред Владата. Рестрикцијата ќе трае 10 дена, со цел да се спречи ширењето на вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.