OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи
Објавено во: Свет 02 Декември, 2025 22:02
Tитулата на најпренатрупана земја во светот – според бројот туристи во однос на населението – ја носи една на изглед неочекувана европска држава. Станува збор за Австрија, која со околу девет милиони жители годишно ја посетуваат дури 32 милиони меѓународни туристи, пренесува Mirror.
Според истражувањето на платформата MoneyTransfers.com, Австрија има најголем број туристи по жител. На секој еден Австриец му доаѓаат околу 3,6 туристи – сооднос што оваа континентална земја ја поставува на самиот врв на светската листа.
Очекувано, најголемиот дел од туристичкиот притисок е сконцентриран во главниот град Виена. Позната и како „градот на соништата“, Виена привлекува посетители со својата раскошна барокна архитектура, историски знаменитости и богат ноќен живот, потпомогнат од бројни ресторани, кафулиња и барови. Меѓу најпосетуваните атракции се дворецот Schönbrunn, Виенската државна опера и Природонаучниот музеј.
Но, додека Виена одамна е навикната на масовен туризам, сѐ поголем проблем претставува зголемениот интерес за помалите места, кои честопати немаат соодветна инфраструктура за толкав прилив на гости.
foto Wikipedia/ Falk2
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?
ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск




