28 Ноември, 2024
0.0723

Австриската амбасада во Скопје загрижена, ЕВН ќе ја обжали одлуката на регулаторите, !

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

ЕВН ќе ја обжали одлуката на Регулаторната комисија за енерегтика, бидејќи регулаторите им ги зголемиле трошоците што ги плаќаат кон државните енергетски компании, а од друга страна им ја намалиле крајната цена на струјата. Компанијата предупреди дека во прашање се доведени инвестициите, а реагираа и од Австриската амбасада, од каде велат дека се загрижени за последните случувања во врска со најавенaтa одлука за електрична енергија, која, ако се ефектуира, ќе биде мошне штетна за деловното работење на еден од најголемите инвеститори во земјата. Дали е на повидок, нова војна меѓу владата и ЕВН како онаа од пред неколку години, кога двете завојувани страни водеа судски спорови пред меѓународни судови? Од први јули цената на струјата ќе се намали за 4,48%. Тоа е конечната одлука на Регулаторната комисја за енергетика. И покрај тоа што крајната цена што ќе ја плаќаат граѓаните е намалена, сепак регулаторите дозволија зголемување на цените за услугите на државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО, а намалување на цените пресметаа кај ЕВН. Токму тоа предизвика незадоволство кај приватната енергетска компанија ЕВН, бидејќи регулаторите и ги зголемија трошоците што ЕВН ги плаќа кон државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО, а од друга страна ЕВН на граѓаните ќе треба да им испорача поевтина струја. ЕВН-Македонија ќе ја обжали одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, пред второстепената комисија. Потоа од исходото рпед вторстепената комисија ќе зависат и понатамошните чекори што комапнијата ќе ги превземе. Сепак оттаму велат дека во игра се ставени сите опции. „ЕВН Македонија е принудена да ги разгледа сите можни опции со цел пронаоѓање на соодветно решение за ваквата состојба, стои во реакцијата на компаниијата. Доплнително од ЕВН посочуваат дека се сeриозно загрижена и изненадена од последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика која во прашање го доведува и најавените инвестиции во земјава. „Сакаме да ја информираме македонската јавност дека ЕВН Македонија не бараше зголемување на цената на електричната енергија, но не ни очекуваше дека ќе има толку големо намалување и тоа токму и само во делот на ЕВН со што директно се загрозува стабилноста на компанијата, но и на енергетскиот сектор во целина. Големото намалувањето на  цената за дистрибуција и снабдување, во комбинација со истовременото зголемување на цената на производството и преносот кај енергетските компании во државна сопственост, сериозно го загрозува работењето на ЕВН Македонија што значително ќе се одрази на ликвидноста на компанијата. ЕВН посочуваат како компанија неодамна го промовирале и мастерпланот односно најави инвестиции во износ од повеќе од милијарда евра со цел да се обезбеди поголема сигурност и долгорочна стабилност на електро-енергетскиот систем во земјата. За жал, ваквата одлука со сигурност ќе влијае на интензитетот на планираните инвестиции и на соработката со 5.000 бизнис партнери во Македонија, стои во реакцијата на компанијата. Реакција – Австриска амбасада По реакцијата на ЕВН-Македонија, од Австриската амбасада за Фактор велат дека и кај нив постои загриженост за одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Австриската амбасада е загриженa за последните случувања во врска со најавенaтa одлука за  електрична енергија, како таков чекор, ако се ефектуира, ќе биде мошне штетна за деловното работење на еден од најголемите инвеститори во земјата. Во својата неодамнешна презентација во Скопје, ЕВН за својата најнова сеопфатна инвестициона програма доби највисокото јавно признание. Сепак, спроведувањето на предвидените сценарио не само што ќе ги загрози тие важни инвестициски потфати на ЕВН, но, исто така, ќе создаде и негативни ефекти врз македонската економија, како и на општата клима за инвестирање во Македонија. Австриската амбасада, заедно со своите македонски партнери, ќе реагира ова прашање да се реше во духот на одличните билатерални односи помеѓу нашите две земји. ЕВН и Владата, пред неколку години практично беа во војна. ЕВН ја тужеше државата пред меѓународниот суд во Вашингтон, а владата пак во тоа време на австрискиот менаџмент на компанијата јасно му порача дека ако сака може да си замине. Се водеше и судски процес во земјава, кој го привлече вниманието на речиси целиот дипломатски кор во земјава. Сепак по зивесно време двете страни најдоа заедничко решешени и тужбите се повлекоа, а ситуацијата се смири. Но, сега со вчерашната одлука на Регулаторната комсија за енергетика, останува да се види дали на повидок е нова војна меѓу владата и ЕВН?

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични