Австриската полиција спречи албански терорист кој планирал напад во Виена
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2017
Австриската полиција соопшти дека уапсиле 18 годишен осомничен терорист со албанско потекло кој планирал да изврши напад во Виена. Волфанг Соботка, австрискиот министер за внатрешни работи, откри дека радикализираниот терорист имал дозвола за престој во државата, а бил подолго време набљудуван и постоела реална закана дека ќе изврши сериозен напад со многу жртви.
Според Соботка, истрагата треба да открие каква е неговата поврзаност со радикалните структури, дали зад него има поголема организација, како и за тоа дали има други терористи кои на сличен начин би се активирале како него.