Автомобилска компанија во Бугарија заинтересирана за инвестирање во Македонија
Објавено во: Економија 14 Март, 2013 15:46
Странска компанија присутна со инвестиција во автомобилската индустрија во Бугарија наскоро ќе ја посети Македонија со цел да ги разгледа можностите за инвестирање во тој сектор.
Претставници на компанијата изнеле такви намери по презентацијата што првиот човек на македонската Дирекција за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, на конференцијата на ЕБРД за развој на автомобилската индустрија во регионот, што се одржа денеска во Софија.
- Kомпанијата мора да одлучи каде да реинвестира и по презентацијата рекоа дека кај нас е поконкурентно отколку во Бугарија и пројавија интерес да дојдат во Македонија во многу блиска иднина. Воедно, не поканија да ја видиме нивната фабрика во близина на Софија, изјави Мизо.
Според него, на конференцијата своите позитивни искуства од инвестициите во автомобилскиот сектор во Македонија ги презентирале директори на „Кемет електроникс“, „Ван хол“ и „Џонсон Мети“.
На презентацијата Мизо укажал на предностите за странските инвеститори. - Ги нагласив најважните работи. Претходно беше кажано што е најважно за странските инвеститори, прво е расположливата работна сила и нејзината структура, од аспект на едукација и квалитет, но истовремено и дека има пристап кон таа работна сила што не е можеби случај со некои земји посеверно од нас. Тука ја истакнав и конкурентноста поврзана со она што го нудиме во ТИРЗ од аспект на целосна опременост на инфраструктурата, даночни поволности и општо условите со кои според „Дуинг бизнис“ Македонија е многу подобро рангирана од сите овие земји во регионот, рече Мизо.
Учесниците на конференцијата, над 50 претставници од компании од автомобилската индустрија од Бугарија, Романија, Србија, Македонија и експерти од областа од Германија и Велика Британија, како и поранешен директор на Џонсон Контролс во Бугарија, дебатираа за искуствата, потенцијалите и предизвиците на автомобилскиот сектор во регионот.
На конференцијата беше истакнато дека по минатогодишниот намалување на производството на автомобили во Европа за над 8 проценти и оваа година исто така ќе има мало намалување, но оти идната година на повидок е стабилизација и мал раст. Според изнесеното на конференцијата, во Северна Америка и во Кина има многу позитивен развој на автомобилската индустрија, но и дека во овие услови на зголемена конкурентност и опаѓање на продажбите е многу важно заедничките компоненти да се позиционираат на места каде што конкурентно ќе можат да ги задоволат барањата на крајните произведувачи на автомобили. И затоа нашиот регион беше истакнат како многу компетитивен и конкурентен, изјави Мизо.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




