11 Декември, 2025
0.0412

АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА НЕМА ДА СЕ ВРАТИ НА ПАТЕКИТЕ ПРЕД ПАНДЕМИЈАТА ЗА 4-5 ГОДИНИ, економските проблеми се уште го кочат развојот на овој значаен сектор

Објавено во: Економија 29 Јули, 2022 15:11

Добивај вести на Viber

Автомобилската индустрија во Европа се уште не успева да се поврати на нивоата на производство како пред почетокот на пандемијата, а упатените велат дека ова не може да се очекува ниту во следните четири до пет години.

Намалувањата на нарачките во овој сектор, неминовно водат и кон закочување на плановите и нарачките од компаните од автомобислкиот сектор во нашата земја. Генералниот директор на „Костал“, Виктор Мизо, една од најголемите германски инвестиции во земјава од автомобилскиот сектор, истакнува дека за половина година автомобилската индустрија во Европа забележа голем пад на бројот на регистрирани возила, од дури 17 отсто, што е рекорд по 1996 година.

-  Минатиот месец, беше дванаесетти месец по ред на намалување на продажбата на возила во Европа споредено со претходната година. Според анализата на LMC Automotive, од јануари годинава продажбите во западна Европа беа планирани со раст од 9 отсто споредено со лани, а последните прогнози се дека ќе бележат намалување од 7,4 отсто  или на околу 9,8 милиони возила што е една третина помалку од бројот на продадени возила во пред пандемиската 2019 година - вели Мизо.

Какви се можностите за стабилизација на секторот земајќи ги предвид сите влијанија, како кризата со чипови, и инфлацијата, неизвесноста ...

-  Генералниот директорат за економски и финансики прашања на ЕУ (DG ECFIN) забележаа огромен пад во јули од - 4,2 поени на индикаторот за екномска преспектива во ЕУ (Economic Sentament Indicator-ESI). Доколку дојде до стабилизирање на состојбата во индустријата, тоа последно би се случило во ЕУ, уште повеќе поради тековните воедни дејствија на нејзино тло. Враќањето на состојбата од 2018 година, кога автомобилската индустрија го достигна врвот, не се очекува да се случи во следните 4-5 години во Европа, дури и под услов сега да престанат негативните трендови (ланец на добавувачи, инфлација, војна во Украина, пандемиски рестиркции и слично). Кризата со чипови ќе биде присутна и во 2024 година – објаснува Мизо.

Светските медиуми пишуваат дека еден од водечките автомобилски производители во следниот период се насочува повеќе кон производство на поскапите модели на автомобили, додека производството на поевтините поради намалената побарувачка одреден период ќе стагнира.

Мизо, кој е добар познавач на состојбите, додава дека за премиум возилата кои генерираат најголема профитна маржа постои голема побарувачка, но побарувачката на пониските класи возила е под влијание на економските состојби.

-  Премиум производителите на возилата ќе се насочат кон повисоките класи на возила. Во суштина сите класи на автомобили бележат раст на крајните цени, најмногу поради зголемените импутни трошоци односно софистиранста на новите технологии кои се инсталираат, но и растот на цените на репроматеријалите како и побарувачката на истите. Премиум автомобилите се со поголема профитна маржа поради што и времето на нивната испорака е пократко отколку останатите. Сепак, ова не значи дека во иднина ќе се продаваат само скапи возила, туку дека подостапни ќе бидат тие. Паралелен е и процесот и истражувањата насочени кон намалување на цените и оптимизација на трошоците за возила на електричен погон, кои достигнаа цена и под 30.000 долари што не беше замисливо пред неколку години. Како и да е, треба да сме искрени, дека секоја голема глобална криза во минатото допринела кон зголемување на социјалната нееднаквост во општествата – посочува Мизо.

Сепак, првиот човек на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, посочува оти проблемите кои се присутни во економиите, се чуствуваат и во автомобилската индустрија, почнувајќи од проблеми со зголемените трошоци за енергија, снабдување со со гас и повисоките производствени трошоци, ефектите од војната во Украина, проблемите со синџирите за снабдување заради рестриктивните ковид мерки во Кина...

-  Инфлацијата е дополнителен проблем. Во одлуката за замена на старите и купување нови возила, зголемените цени и каматни стапки влијаат негативно на потрошувачите. Дел од нив купуваат користени возила или ја пролонгираат одлуката за купување ново возило.Постои несигурност за нарачките од нашите европски клиенти во претстојниот период. Дополнителен ризик за компаниите во земјава се најавените преговори во септември меѓу работодавачите од автомоблскиот сектор и синдикатите. Зголемувањето на платите од осум отсто кое го бараат синдикатите нема да доведе до брза и лесна спогодба со индустриските компании. Колку се подолги и потешки преговорите, толку се поголеми изгледите за прекини во работата што допилнително негативно ќе влијае на автомобилскиот сектор - вели Мизо.

Секако значаен аспект во сегашните состојби секако се и поддршката и поткрепата кои компаниите можат да ги добијат од домашните институции. Што неминовно води кон прашањето колку и како можат да ги поддржат компаниите од автомобилската индустрија за надминување на кризата?

-  Одговорот на ова се наоѓа во предлозите на фирмите членки на Асоцијацијата на странски инвеститори со напредно технолошко производство, при Стопанската комора.  Асоцијацијата предлагаше воведување на нова мерка за здржување на вработени во погодените компании слично на мерката од пред две години за време и почетокот на пандемијата со субвенционирање на минималната нето плата. Дополнително, потребно е драстично подобрување на регулативата за инсталирање на фотоволтаици и допрецизирање на процедурите за државната помош за нови инвестиции, ефикасна и искрена поддршка од страна на институциите задолжени за промоција и привлекување на странските компании, ефективно усогласување на увозните царински стапки со исите во ЕУ – без бирократски оптеретувања, унапредување на техничкото и инжењерското образование. Државните институции изразуваа подготвеност за соработка на повеќето од овие теми, но реалниот резултат е под неопходното ниво – посочува Мизо.         

Петранка Огнаноска 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија