05 Декември, 2025
0.1386

Автопат до Охрид, реалност или фикција?

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2012 07:30

Добивај вести на Viber

За прв пат од лани од кога и пропадна тендерот за концесионирање на патиштата од Коридорот 8, Владата најави дека има идеја како да реализира дел од проектот кој е од стратешко значење за државата. Со кредити од кинеската банка „Експорт Импорт“ ќе инвестира во доизградба на патните правци Миладиновци – Штип, Штип – Кочани и Кичево – Охрид, Охрид – Св. Наум. За Гостивар - Кичево нема лек Иако се уште нема информација кога ќе започне реализацијата на делот кон Охрид, веќе е јасно е дека Владата нема намера да го продолжи автопатот од Гостивар до Охрид како што беше првично планирано со планот за концесионерство. Приоритет се дава на патот од Охрид до Св.Наум, најверојатно  за да се овозможи подобар пристап до Љубаништа каде индискиот милијардер Субрата Рој планира изградба на луксузен туристичко- станбен комплекс. Патниот правец Кичево- Охрид кој е постојан магистрален пат најверојатно ќе се прошири уште со една лента. Инаку, доколку се најдеше концесионер, се предвидуваше, автопатот кој е изграден до Гостивар  да се продолжи до Охрид, поточно до Ќафасан, со краци од Требениште до Струга и од Струга до Подмоље. Вкупната должина на овој патен правец е 128 километри, а изградбата требаше да чини речиси 500 милиони евра. Веќе постојат проекти за изградба на автопат до Охрид Фактор консултираше неколку експерти кои тврдат дека проект за изградба на автопат од Гостивар до Охрид веќе има. Радојка Дончева од Катедрата за патишта при Градежниот факултет објаснува дека уште многу одамна имало изработено студија во која биле дефинирани трасите, но клучен проблем зошто досега не се реализирала, биле финансиите. „Проектот е веќе завршен при што имаше некое размислување во првите десет години да се направи нешто како полуавтопат со грчки профил. Стариот пат се напушта затоа што 80% од трасата мора да биде нова оти кога се гради нов автопат мора да има и паралелен пат за мешовит сообраќај. Сосема мал дел пред Кичево од веќе постоечкиот пат може да се искористи. Делот после Гостивар е тежок за реализација, и ништо не е невозможно да се направи “, вели Дончева. Речиси сите експерти сметаат дека од особено значење е изградбата на трасата од Гостивар до Кичево затоа што освен што ќе се елиминира ужасно тешкиот превој на Стража, патот се скратува значително. Професорот Горан Марковски од Градежен факултет објаснува дека ако се реализира автопатско поврзување, до нашиот најголем туристички центар,  од Скопје до Охрид би се стигнувало за час и 15 минути, што во секој случај, ќе има позитивно влијание и за туризмот и за стопанството. „Сум комуницирал со колеги од западна Европа кои се чуделе зошто се уште нема автопат до Охрид. Ние не можеме да говориме за туризам со вакви патишта, а се залагам и да има железница до Охрид. Иако Стража како превој е поголем предизвик сепак проектот е изводлив технички, затоа што некои држави граделе автопат и по многу потешки терени како на пример Грција кон Јонско море. Сепак, станува збор за само 160 километри автопат“, вели Марковски. И македонските бизнисмени одамна бараат инфраструктурно поврзување на релацијата исток- запад што ќе обезбеди побрз и поголем проток на стоките што ќе станат поконкурентни на европскиот пазар. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески веќе најави дека првиот квартал од идната година ќе започнат градежните активности на делницата Миладиновци – Штип, која освен што директно ќе ги поврзе Штип и Св. Николе, индиректно ги поврзува и сите градови во Источна Македонија. Сега останува да се види дали ќе се реализира и автопатско поврзување на Кичево со Охрид. Последните статистички податоци покажуваат дека од 13.983 километри вкупна должина на патиштата во Македонија, асфалтирани се само 8.140, а од нив само 259 километри се автопат. Од 2007 година до лани изградени се само 38 километри автопат. Соња Ј.Наумовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец