09 Октомври, 2024
0.0352

Автопат кој се ветува со години: Засега од Скопје-Блаце ќе се градат само 2 километри

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber


Владата го објави тендерот за првите 2 километри од автопатот Скопје-Блаце, од граничниот премин до клучката Блаце.  Останатите десет километри до Скопје се проектираат и за нив ќе се објави тендер, па градбата треба да продолжи.

Финансиите за автопатот се обезбедени, објавија вчера вицепремиерот Бујар Османи и директорот на државни патишта Зоран Китанов. Веќе се обезбедени 10 милиони евра, но колку точно ќе чини изградбата сепак ќе се знае по тендерот. Плус има грант од 20 милиони евра и од ЕБОР.

Автопатот ќе има две ленти за возење широки 3,5 метри и една за застанување, една клучка кај селото Блаце и два кружни тека. Ќе се вози со 100 километри на час.

Вицепремиерот Османи не сакаше да лицитира со датуми но за него Скопје-Блаце е мега проект од аспект на предизвиците кои ги има.

-Не можам конкретно да кажам кога проектот би завршил. Од денеска динамиката ја одредуваат законските рокови, а не работата на институциите“, кажа Османи.

Според планираното, овој автопат треба да биде изграден до средината на 2021 година.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл