01 Септември, 2024
0.0356

АВТОПАТИ: ред километри, ред обвинувања и 20 години напатени возачи!

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Стартуваше изградбата на автопатиштата што ќе се градат со кредит од кинеската Ексим Банка.  Удрени се камен темелници на Штип –Миладиновци – чија изградба ќе чини 206 милиони евра и Кичево-Охрид во износ од 375 милиони евра. Ќе ги гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“. „Досега изградените автопатишта во државата во изминатите 50 години, чинат помалку од инвестицијата во автопатот Кичево-Охрид, изјави премиерот Никола Груевски на означувањето на стартот на проектот додавајќи дека толкава инвестиција не е вложена од никого, никогаш и во ниту еден автопат во РМ. СДСМ пак реагираше дека после 8 години ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се сетија на патиштата и тоа токму во предизборниот период. „За 8 години владеење Груевски изгради само 7,5 километри автопат и толку. Затоа панично фрла лопати за проекти кои се само во историска најава, како што е и денешниот со автопатската делница Кичево-Охрид, реагираше СДСМ, потенцирајќи дека со парите потрошени за проектот „Скопје 2014“ досега можеа да се изградат 200 километри автопат. Според договорот со кинеската Ексим Банка освен главниот градежен изведувач, овозможено е да се ангажираат и други кинески фирми, кинески работници, но и да се купуваат кинески стоки, услуги и технологии. Односно, Кина обезбеди можност да ангажира кинески работници за работа на македонските патишта. Па така од вкупниот број на ангажирани работници  49%  може да бидат од Кина, а останатите од Македонија. Исто така  51% од стоките, услугите и технологиите може да бидат исто така од Кина. Кинескиот изведувач има обврска да ангажира подизведувачи од Македонија чија вредноста на работите треба да изнесува најмалку 49% од вкупната цена на договорите. За кинескиот изведувач даночни ослободувања “Прометот на добра и услуги кој е извршен од страна на изведувачот на градежните работи,  кон Јавното претпријатие за државни патишта, за цели на изградба на патните делници, е ослободен од данок на додадена вредност“ – се посочува во Договорот. Ослободувања ќе има и за акциза: “Доколку изведувачот од член 11 од овој закон,  изврши набавката на патнички автомобили или минерални масла, за цели на изградба на патните делници , на барање на изведувачот ќе му се изврши враќање на акцизата,  доколку е платена фактурата. Кинеската компанија ќе биде ослободена од плаќање на увозни давачки, ДДВ и акциза за стоки, услуги и добра наменети за изградба на патничките делници. Непочитување на договореното може да доведе и до раскинување на договорот. Доколку Македонија е таа што не го почитува договорот, Кина може да го раскине само со писмено известување на адреса на Македонија, без притоа да биде обврзана да праќа понатамошни барања, известувања или други законски формалности од било кој вид“. А ако не се испочитува договореното ќе следуваат санкции. “Во случај на измени на закони или владини политики во државата било на Заемопримачот или на Заемодавачот, кои би ги оневозможиле било Заемопримачот или Заемодавачот да ги исполнат своите обврски по Договорот, Заемодавачот ( Кина)  може, со писмено известување до Заемопримачот, да ја прекине исплатата на кредитот, и да ги прогласи целосната главница и пресметаната камата и сите други износи за плаќање според Договорот  за достасани за плаќање веднаш од страна на Заемопримачот, без понатамошни барања, известувања или други законски формалности од било кој вид“ е наведено во Договорот. НА ОВОЈ ЛИНК ПОГЛЕДНЕТЕ: Еве кои патишта се изградени во Македонија Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение