Автопати треба да има, но дали беа неопходни кинеските кредити?
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2013 07:58
Новите автопатски решенија ќе придонесат за поголем развој на источниот и западниот дел на Македонија, поголема безбедност и ќе го скратат времето на патување до главниот град - потенцира министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.Министерот Јанакиески истакна дека реализацијата на двата проекти ќе значи ангажирање на голем број македонски градежни компании и македонски граѓани.
Одредба која е многу значајна за нас е тоа што во договорот стои дека минимум 49 проценти од извршените работи мора да бидат од страна на домашни компании и минимум 51 процент од лицата кои ќе бидат ангажирани да бидат македонски државјани, појасни ресорниот министер.Претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Сеад Кочан смета дека изградбата на овие делници ќе значи продолжување на експанзијата на градежништвото во Македонија.
Градежниот сектор ќе продолжи да биде двигател на македонската економија. Само во последната година имаме 10 илјади нови вработувања. Со овие проекти очекуваме уште неколкукратно зголемување на бројот на вработувања. Покрај градежниот сектор ќе се активираат и други сектори така што на среден рок ќе се зголеми потрошувачката моќ на граѓаните, а на долг рок ќе имаме поврзување на источниот и западниот дел на државата со главниот град со што ќе се очекува поефикасно снабдување на пазарите, истакна Кочан.Опозицискиот СДСМ вчера оцени дека овие проекти можело да се реализираат без заем од Kина.
Со околу 800 милиони евра, колку што според повеќе процени ќе изнесува вкупното задолжување, јавниот долг на Македонија ќе се зголеми за над 40 проценти од БДП во Република Македонија. Нешто што Владата можеше да го реализира и без заем од Kина - потенцираа од СДСМ.Според СДСМ, овие делници би можеле да се изградат и со дел од средствата од проектот „Скопје 2014“
Неопходно е во иднина власта да се посвети многу поангажирано во користењето на претпристапните фондови на ЕУ во иградбата на патната инфраструктура. Контролата на трошењето на овие пари е поголема и обезбедува најсовремени и најбезбедни технологии, се наведува во реакцијата.Какви обврски носат договорите со Кина?
Договорот за кредит со Кина ќе донесе и нови обврски за Македонија. Освен главниот градежен изведувач, договорот овозможува ангажман и на други кинески фирми, кинески работници и купување на кинески стоки, услуги и технологии.
Во еден од членовите на Договорот пишува:
“Стоките, технологиите и услугите кои ќе се набавуваат користејќи средства од кредитот, се претпочита да се набавуваат од Кина, согласно одредбите на Комерцијалниот договор.“
Кинескиот изведувач пак е должен да ангажира подизведувачи со седиште во Република Македонија чија вредноста на работите треба да изнесува најмалку 49% од вкупната цена на договорите. Истото се однесува и на набавката на стоки и услуги од домашно производство. Од вкупниот број на ангажирани работници, 51% треба да бидат македонски државјани.
На ваков начин, Кина обезбеди терен за ангажман на своја работна сила ( 49%) и купување на кинески стоки, услуги и технологии ( 51% ).
За кинескиот изведувач и даночни ослободувања :
“Прометот на добра и услуги кој е извршен од страна на изведувачот на градежните работи, кон Јавното претпријатие за државни патишта, за цели на изградба на патните делници, е ослободен од данок на додадена вредност“ – се посочува во Договорот.
Ослободувања ќе има и за акциза:
“Доколку изведувачот од член 11 од овој закон, изврши набавката на патнички автомобили или минерални масла, за цели на изградба на патните делници , на барање на изведувачот ќе му се изврши враќање на акцизата, доколку е платена фактурата.
Кинеската компанија ќе биде ослободена од плаќање на увозни давачки, ДДВ и акциза за стоки, услуги и добра наменети за изградба на патничките делници.
Дополнително, по кредитното задолжување, Македонија се обврзува да дава целосна отчетност за сработеното, па така во еден дел од Договорот пишува :
“Заемопримачот ( Македонија), на полугодишна основа, ќе му поднесува на Заемодавачот ( Кина) во текот на перодот на доспевање извештаи за напредокот и статусот на работите на Проектот и за искористувањето на исплатените средства од кредитот. “
Кинескиот изведувач на градежните работи пак е должен ској месец да доставува и презентира извештаи до Јавното претпријатие за државни патишта за текот на градежиот зафат.
Непочитување на договореното може да повлече и раскинување на договорот. Доколку Македонија е таа што не го почитува договорот, Кина може да го раскине само со писмено известување на адреса на Македонија, без притоа да биде обврзана, како што пишува во договоорт “ да праќа понатамошни барања, известувања или други законски формалности од било кој вид“.
Токму Член 7 од Договорот со Кина, се однесува на санкциите во случај да не биде испочитувано она што е договорено.
“Во случај на измени на закони или владини политики во државата било на Заемопримачот или на Заемодавачот, кои би ги оневозможиле било Заемопримачот или Заемодавачот да ги исполнат своите обврски по Договорот, Заемодавачот ( Кина) може, со писмено известување до Заемопримачот, да ја прекине исплатата на кредитот, и да ги прогласи целосната главница и пресметаната камата и сите други износи за плаќање според Договорот за достасани за плаќање веднаш од страна на Заемопримачот, без понатамошни барања, известувања или други законски формалности од било кој вид. “ – пишува во Договорот.
Автопатот Скопје-Штип ќе биде во должина од 53 километри а длницата Кичево-Охрид во должина од 56,7 килиометри.
Д.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





