06 Декември, 2025
0.0311

Автопатот од Приштина до македонска граница ќе се вика „Арбен Џафери“

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2014 19:09

Добивај вести на Viber

Автопатот што денеска започна да се гради на Косово и кој треба да ги поврзе Косово и Македонија ќе го носи името „Арбен Џафери“, одлучија косовските власти. Во селото Угларе денеска започнаа работите на автопатот кој треба да ја олесни комуникацијата меѓу двете земји, а ќе чини околу 800 милиони евра. „Ефектот од развојот и изградбата на овој автопат нема да бидат само за Косово, туку тоа ќе биде битен ефект за економскиот развој на Косово и останатите земји од регионот“, рече вршителот на должноста косовски премиер Хашим Тачи, означувајќи го почетокот на градежните работи во косовско Угларе. На официјалниот старт на работите присуствуваше и македонскиот вицепремиер Муса Џафери, кој го нарече овој автопат „мост на поврзување меѓу Албанците“. „И честитам на Владата на Тачи која имаше смелост заедно со неговиот кабинет да преземе врз себе еден толку голем и скап проект и сигурен сум дека сите граѓани на Република Косово ќе го прифатат, бидејќи е многу важен“, рече Џафери. По завршувањето на делот во Косово, автопатот од граница треба да продолжи и кон Скопје. На косовска страна него ќе го гради турско-американски конзорциум, додека од македонска страна допрва треба да се распишува јавен повик.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија