25 Април, 2024
0.0281

Авторот на ремек делото „Татковата куќа“ делеше автограми во СРЦ Борис Трајковски

Објавено во: Стил 05 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

На 30-тиот Меѓународен саем на книгата, кој е од исклучителна важност и е со огромна посетеност, во ВИП Арена „Борис Трајковски“, Арс студио на својот штанд за време на промоцијата и потпишувањето на делото „Татковата куќа“ издадено на македонски јазик, им овозможи на љубителите на пишаниот збор лично да се запознаат со реномираниот писател Џорџо Монтефоски.

Тој е добитник на најпрестижната италијанска награда ,,Стрега“ за делото „Татковата куќа“, кое е ремек-дело на авторот во кое цело дејство се одвива во Рим. Во семејниот лавиринт се вкрстуваат нишките од минатото и сегашноста.

Пред многубројните слушатели писателот читаше цитати од делото.

-  „Секогаш кога ќе помислев на тој период од животот срцето ми се стегаше од немир. Тогаш имав 20 години, бев нервозен и чувствував носталгија. Имав претчувство дека ќе се случи некој настан но по кратко време навистина се случи.“

-  „Се гледав себеси, на плажата покрај онаа жена и двете деца и како што веќе споменав не чувствував вознемиреност. Потоа ми се смени глетката во мислата. Ги собравме кофите, сандалите и облеката, излеговме од преминот на плажата и се вративме во градот, но од пристаништето некој продолжи да ја набљудува. Кој беше тој човек?”

А потоа тој и одговараше на големиот број прашања од присутните.




Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти