05 Декември, 2025
0.0737

Азески бара кризен штаб: На компаниите им треба помош

Објавено во: Економија 20 Март, 2020 07:10

Добивај вести на Viber

Стопанството активно ќе продолжи да ги следи мерките од Владата, но потребно е итно да се преземат и дополнителни мерки во корист на македонските компании. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески предлага да се формира кризен штаб во кој ќе бидат вклучени претставници од реалниот сектор и од државата која треба да ги стави сите ресурси на располагање на компаниите. Тврди дека ова е потребно бидејќи можно е сите да бидеме погодени од актуелната ситуација. Азески апелира побрзо да се воспостави зелен коридор кој ќе го поврзе Западен Балкан со земјите од Европската Унија.

Азески вчера присуствуваше и на работната средба која Стопанската комора на Македонија ја организираше помеѓу 20-те најголеми извозници во земјата и директорот на Царинската Управа Ѓоко Танасоски. Како еден од заклучоците беше и дека во моментов приоритет е што поитно да се ослободат коридорите за обезбедување на непречено движење на репроматеријалите, суровините и готовите извозни производи,

Она што ги засега стопанствениците се и актуелните состојби во автомобилската индустрија. Во моментов како резултат на затворањето на погоните од оваа индустрија ширум Европа и намалувањето на нарачките, најавено е застанување со производството на голем дел од капацитетите во нашата земја.


Вчера на средбата стопанствениците апелираа дека стопанството е соочено со еден од најголемите предизвици, и мора да се преземаат големи мерки, макар тие биле и нестандардни. Побараа да се реагира брзо за поддршка на целиот приватен сектор, а не само на секторите кои досега се погодени. 

„И покрај поединечните проблеми со кои се соочуваат сите чинители на домашната економија, потребно е да се најде заедничко решение како да се зачуваат работниците, кои стопанството и онака тешко ги наоѓа, и максимално да се  помогне во вакви услови во кои владее неизвесност и страв помеѓу луѓето. Моменталната ситуација на пазарот на труд ни налага дека мора по секоја цена да креираме мерки да ги зачуваме луѓето. Секојдневно треба да се следи ситуацијата и секојдневно да се доаѓа до нови решенија кои ќе одговараат на тековната ситуација, која се менува на дневно ниво. За одговор на овие предизвици мора да бидат ставени на располагање сите ресурси, порачаа стопанствениците од компаниите-најголеми извозници во македонската економија, сметаат извозниците.

А.Т.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен