19 Декември, 2025
0.0467

Бизнисмените бараат итна инфузија за анемичната економија!

Објавено во: Економија 03 Март, 2013 17:06

Добивај вести на Viber

За домашната економија да опстои мора да се има општествен консензус. Бизнис заедницата пoрача дека без да се здружат власта и  опозицијата, газдите и работниците,  институциите и стопанството, економијата ќе продолжи да тапка во место. Првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески, во емисијата Економски магазин, на Алсат М, вели дека, ако сакаме добра економска база за наредните 50 години мора многу да се работи на односот капитал и труд, да има заштита на договорите како функционирање на судството. Бизнисмените велат на анемичната домашна економија итно и треба инфузија. „Мора да се поработи на диспропорцијата која постои помеѓу производството и потрошувачката. Само 34 % од производството учествува во БДП, да се работи на дисбалансот помеѓу извозот и увозот. Дури 57% увезуваме во државата,  а само 19% повеќе трошиме отколку што создаваме. Диспропорцијата која ја има во државата помеѓу вработените и издржуваните лица каде 630 илјади луѓе издржуваат 750 илјади. Само 17% се вработени во индустријата која е стожер на извозот кој што е основна компонента за израмнување на платно – билансните позиции на државата“, изјави Азески, Министерот за економија Ваљон Сарачини му порача на Азески  дека за да се достигнат сите барања треба време. Ги потсети коморите дека Владата за прв пат по многу години инвестирала во патна и железничка инфраструктура, во енергетиката како и гасификација на државава. „Тоа што досега беше главно барање на стопанските комори, а се инвестира во конкретни проекти, во јавни капитални инвестиции, односно во инфраструктура. Ова ние веќе сме го планирале со буџетот за 2013 година и веруваме дека Владата во услови на криза се јавува како главен инвеститор во конкретни проекти. Ова видно ќе придонесе во економскиот раст во земјата но и во отворањето на нови работни места што е еден од главните приоритети на Владата“, изјави Сарачини за емисијата Економски магазин (недела 18.20 час). Поради економската криза веќе една година паѓа индустриското производство, дел од фирмите неколку пати укажаа дека од ден на ден им се намалуваат нарачките, а дел пак  поради немањето капитал за обрт ги затворија своите претпријатија или пак имаат блокирани сметки. За да им помогне, владата пред две недели реши на претпријатијата кои навреме не ги плаќале придонесите да им ги прости каматите.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар