19 Декември, 2025
0.0404

Азески: Раздолжувањето на Владата е клучен потег, фирмите ќе застанат на нозе

Објавено во: Економија 04 Март, 2013 15:42

Добивај вести на Viber

За претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески целосното раздолжување од страна на Владата кон бизнисот е очекуван потег. Според него за стопанството,  во овој момент и во услови на ваква криза каква што владее во клучните земји и надворешно-трговски партнери за Македонија, секоја работа па макар и минимална е огромна помош. „Треба да се издржи и затоа секаква, и мала помош на државата, мала помош на меѓународните финансиски структури за компаниите во овој момент имаат огромно значење. Нашето работење е доведено до работ на рентабилноста и тоа мора да се задржи, да не одиме подолу затоа што тие импликации потоа ќе бидат многу тешки“, посочи Азески. Додаде дека предвидвањата на меѓународните институции за годинава се исполнуваат, што, како што рече, значи дека растот во четирите земји, клучни партнери за Македонија - Германија, Италија, Бугарија и Грција ќе биде многу проблематичен, на нула или под нулата. „Ние не очекуваме таму некакво зголемување на побарувачката на нашите производи и затоа целата активност ја свртивме кон обезбедување алтернативни пазари во земјите од Кавкаскиот регион, Блискиот Исток и Северна Африка. Тој процес ќе потрае сигурно во наредните неколку години. Се надеваме дека по 2015 година ќе дојде до намалување на ударите на големата криза која владее во Европа“, истакна Азески. Спремни сме, потенцира,  до 2015 да ги искористиме сите наши резерви, знаења  и умеења. „Секој ден сме во контакт со Владата на Република Македонија и бараме решенија, само да не се случи да влеземе во потешка рецесија која ќе не исфрли од колосек и потоа не ќе можеме да го надоместиме изгубеното“, рече Азески. Вчера премиерот Никола Груевски информираше дека Владата целосно го врати долгот кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и за извршените услуги кон државните институции. „Минатата година во екот на европската должничка криза стопанските комори укажаа дека има големи износи на средства кои не им се повратени од ДДВ и од извршените услуги кон државните институции. Владата го согледа ова прашање, направи анализа и план и на 24 септември лично им ветив на компаниите во Македонија дека до крајот на февруари 2013 година во целост ќе го  анулираме ова прашање. Токму тоа и се случ“и, рече премиерот Груевски во своето обраќање на бизнис форумот во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) што се одржа во Скопје. Можам да информирам, додаде, дека во петокот го повикав министерот за финансии да го прашам дали оваа операција е завршена. „Тој ме информираше дека во целост се елиминирани доцнењата на плаќањата по основ на поврат на ДДВ и на услугите кон компаниите. Така што и ова прашање кое минатата година ја засегаше македонската економија е надминато онака како што ветивме. Наша цел и план е понатаму да опстоиме на овој начин и да не се создадат такви доцнење во плаќањата“, рече Груевски вчера. На средината на септември минатата година, кога почна акцијата на отплата, обврските по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи изнесуваа 92 милиони евра.  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар