Азески во Србија за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји
Објавено во: Економија 06 Март, 2013 11:48
Делегација на Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески денеска е во работна посета на Стопанската комора на Србија каде што реализира средба со нејзиното раководство предводено од претседателот Милош Бугарин.
- Двете држави треба да работат на продлабочување на економската соработка и во рамките на тоа, на намалување на трговскиот дефицит што го имаме. За тоа извонредна можност е ЦЕФТА договорот. Ни треба регионален производ, банка, логистика. Но, за да се направи сето тоа, потребна е подобра инфраструктура. Развојот и порастот на БДП во двете земји мора да се одвива покрај Коридорот 10, кој забрзано се привршува во двете земји, рече Азески.
Според него, шансите за пораст во размената треба да се бараат во аграрот, прехраната, хемиската индустрија, сообраќајот и туризмот.
Надворешно-трговската размена меѓу Србија и Македонија се одвива согласно Договорот ЦЕФТА, во 2012 година достигна вредност од 777,1 милион американски долари и учествува со 7,4 отсто во вкупната трговска размена на земјава. Евидентирано е негативно трговско салдо од 186,5 милиони долари. Покриеноста на увозот со извозот изнесува 61,2 отсто.
Компаративните податоци на билатералната размена со Србија укажуваат на пад на вкупната размена од 6,6 проценти, извозот за 11,4, а увозот за 3,2 отсто. Трговскиот биланс во последните години е осцилаторен, Македонија има остварено суфицит во размената од 2004 до 2008 година, додека дефицит се бележи во последните две години.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




