Добивај вести на Viber
Азилнтите ќе добијат нова зграда која ќе се гради во скопското село Визбегово. Градежната компанија “Гранит“ потпиша договор со Министерството за труд и социјална политика за изградба на објект со станбени единици за лица со признаено право на азил во Визбегово. Изградбата на овој објект ќе чини над 31 милиони денари и планирано е да биде готов за една година.