Бабовски: Од денес започнува аплицирањето за добивање на финансиска поддршка за порибителен материјал
Објавено во: Агробизнис 26 Јуни, 2019
Од денес до средината на наредниот месец, сите субјекти кои ги порибиле рибниците во период од 1 февруари до 30 мај, ќе може да аплицираат за добиивање на финансиска поддршка од Програмата за рибарство и аквакултура.
Право на користење на поддршката имаат сите субјекти
кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник
наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во
периодот декември 2018 - декември 2019 година, од видот риба за која поседуваат
дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на
рибникот. Право на финансиска поддршка имаат и оние субјекти кои набавиле
подмладок и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и имаат купено
подмладок од субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен
материјал од рибник наменет за промет и кои немаат увезено порибителен
материјал и жива риба во периодот декември 2018 - декември 2019 година.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека средствата од потточка 2.2 односно Финансиска поддршка за порибителен материјал, се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 01 февруари до 30 мај 2019 година а поддршката за оваа мерка се исплаќа скалесто.
Барањата се доставуваат во оригален примерок, пишуваат во соопштението од АФПЗРР.
Доколку до Агенцијата се поднесат
повеќе барања отколку што има расположливи средства согласно Програмата за финансиска поддршка во рибарството и
аквакултурата за 2019 година, Агенцијата ќе им даде предност на
оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.
Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи и Упатството за корисници може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.
Обрасците може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часотна адреса:
Пополнетите барања за
исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и
аквакултурата за 2019година, заедно со целокупната потребна документација се
доставуваат во затворен плик на кој
на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен
повик број 01/2019 и
назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето. Барањето
може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата
Доколку ковертот не е обележан како што се бара, Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Краен рок за доставување на барањата за исплата на средства за насадување на рибниците во период од 01 февруари до 30 мај 2019 година е 15.07.2019 година.
Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
Бабовски: Од денес започнува аплицирањето за добивање на финансиска поддршка за порибителен материјал
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.